Никола Митревски зa CRNOBELO: „Сакав да играм фудбал, но другарите отидоа на ракомет, а јас станав голман“
Како изгледаат твоите тренинзи и колку се разликуваат од оние на ракометарите?
Голманите имаат свои индивидуални тренинзи, каде се работи на подготовка на физичкиот дел, но има и техничко тактичка подготовка за следниот натпревар.
Нормално и голманите учествуваат во целиот тренинг, исто како и останатите играчи.
Дали на тренинзите имаш и „пенал сесија"? Колку пенали ти даваат на тренинг и (во просек) по колку браниш?
Скоро секоја екипа има такви пенал сесија, тие пенал сесии се добри и за играчите и за голманите да тренираат да се припремаат за следниот натпревар.
Во врска со тоа колку бранам, секогаш е различно, некогаш повеќе, некогаш помалку.
Дали голманот може да предвиди каде ќе шутира играчот или одбраната е инстинкт и среќа телото/раката/ногата, да се постави на вистинското место?
Има повеќе фактори за голманот да одбрани. Тоа зависи од неговата конституција, начинот, стилот како брани.
Некогаш е инстинктот тој што помага да се одбрани некоја топка, некогаш е анализата за тој натпревар.
Некои викаат дека е среќа да те погоди топката без да направиш ништо, но тоа е добро позиционирање на голот, предвидување каде ќе шутира играчот.
Знаеш ли да направиш шпага? Дали сега на скоро 40 години ти е тешко да кренеш нога високо, да си во топ форма две полувремиња, или не чувствуваш замор и мака додека си на голот?
Никогаш не сум се трудел да направам шпага. Воопшто не ми е тешко, напротив, уживам.
Јас не се чувствувам и не се однесувам како да имам 40 години, секогаш уживам кога сум на голот и секогаш се трудам да бидам моја најдобра верзија или барем за милиметар подобар од претходниот натпревар.
Можеш ли раат да прошеташ по Широк сокак, да испиеш кафе со пријателите, или те застануваат фанови на улица?
Убаво е тоа и не ми претставува никаков проблем тоа што има луѓе кои ме поздравуваат и ги поздравувам.
Но тоа не е многу различно ни за останатите во градот, со оглед на тоа што Битола не е милионски град, па многу нормално е поголемиот дел од жителите да се познаваат меѓу себе и секој еден кој ќе прошета низ Широк сокак да сретне некој другар, пријател или познаник.
Имаш ли хоби за кое никој не знае? Што сакаш да правиш и како ти поминува времето кога немаш ракометни обврски?
Немам баш премногу слободно време за хоби, најчесто во слободно време читам книги, играм игри со децата или пијам кафе со другарите.
Каков ти е модниот стил приватно?
Преферирам лежерно да се облечам. Најчесто сум во тренерки, но во зависност од пригодата, така и се облекувам.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





