Наташа од Битола прави ремек-дела од торти: „Направивме торта замок од 3 метри - ја подготвувавме 3-4 седмици“
- Детали
- среда, 26 февруари 2025
„Замокот е најголемата торта која досега сме ја направиле. Беше премногу тешка и специфична за транспорт. Ја транспортиравме со комбе во неколку делови, па потоа на Саемот за венчавки, каде што беше изложена, ја составувавме скоро 2 часа“, вели Наташа Исковска од Битола, која има магични раце за декорирање на торти.
Наташа Исковска од Битола веќе 12 години се занимава со декорирање и украсување на торти и ја води фирмата „MM Sweets Bitola“.
Нејзината торта во форма на замок од 3 метри беше вистинска атракција на Саемот за венчавки во Скопје.
За изработката на тортите и конкретно за транспортот и декорирањето на оваа торта, поразговаравме со Наташа.
Наташа за CRNOBELO.com вели:
„Сакам секој детаљ на тортите да биде внимателно изработен до совршенство и доколку не ми се допадне мене јас ниту една торта не ја вадам од нашето слаткарско ателје.
Најголема награда ми е кога ќе ја однесам тортата и кога ќе ги видам малите детски очи да светнат од радост и среќа – тоа значи дека сме ја погодиле декорацијата.
Или кога им ја носам тортата на некоја свадба и ќе ја видам невестата пресреќна, и од радост дури ме прегрнува.
Мислам дека тоа нема цена.
Инаку, талентот и дарбата ми се од Бог дарени.
Љубовта кон декорација ми е уште од рана возраст, меѓутоа многу подоцна почнав да се занимавам со оваа работа.
Откако почнав да работам бев на неколку обуки кај врвни слаткари од Италија и Турција, кои ми помогнаа да ја доусовршам техниката на изработка.
Комплетната декорација, дизајнот и изработката на тортите до совршенство е мој дел.
Меѓутоа тоа не би го постигнала, секако, доколку и мојот тим не е таков за совршено да си го заврши својот дел од работата и да ја доведат самата торта во перфектен изглед за фазата на декорација.
Дел од тимот пече, дел става фил на тортите и сето тоа со големо внимание за јас да можам потоа да декорирам.
Имаме торти кои се поедноставни за работа, но повеќето се со многу детали, кои бараат доста работа и трпение, а и доста време.
Карактеристично за нас е тоа што ние не користиме никакви адитиви во тортите и филовите се на природна база, баш онака како домашните торти.
На Саемот за венчавки во Скопје се претставивме со тортата „Замок“.
Замокот е најголемата торта која досега сме ја направиле, за неа беа потребни 3/4 седмици да се изработи и да се направат сите тие детали на неа.
Висока беше скоро 3 метра и премногу тешка и специфична за транспорт.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:




