Теодора од Скопје е студентка на Економски со просек 10: „Може да бидам фрустрирана ако добијам пониска оценка поради неправда“

„Би сакала да кажам дека редовно учам низ семестарот, но не е секогаш така. Кога времето ми е исполнето со дополнителни активности, може да се случи да треба да подготвам испит неколку дена пред полагањето“, открива Теодора Тиквешанска која студира на Економскиот факултет при УКИМ и која доби и награда за активен студент со просек 10.

teodora-od-skopje-e-studentka-na-ekonomski-so-prosek-10-01.jpg

Теодора Тиквешанска од Скопје студира на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, а минатата година доби и награда за активен студент со просек 10.

20-годишната студентка завршила средно училиште во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, додека студиите на Економски факултет ги почнала во 2023 година.

Во интервју за CRNOBELO.com, Теодора зборува за нејзините навики за учење, како балансира социјален живот и студии, но и што ѝ дава поттик да биде меѓу најдобрите.

Целото интервју во продолжение:

Зошто Економски факултет, кои ти се омилени предмети и на која област од економијата сакаш да се фокусираш?

Почнав да размислувам за Економски факултет во втората година од средното образование, поттикната од долгата историја на економисти во моето семејство.

Ме интересираа општествените науки, особено психологијата, но не сметав дека ги поседувам потребните квалитети и карактерни особини за да одберам кариера во тие области.

Потребно ми беше нешто што ќе ги интегрира мојата креативност и аналитичко размислување, а воедно да ја задоволи желбата за стабилна професија и приход.

Почнав да учам за економијата, особено за економската оправданост за работењето на бизнисите и постулатите на микроекономијата, интерес кој особено ми се истакна во четврта година по предметот „Бизнис и претприемништво“.

teodora-od-skopje-e-studentka-na-ekonomski-so-prosek-10-08.JPG

На факултет првично се запишав на департманот маркетинг, меѓутоа во текот на студиите открив интерес и афинитет кон статистиката и анализата на податоците.

Го сменив департманот во е-бизнис (електронски бизнис) и мојот фокус сега е во дигитализација и бизнис развој, одлучување засновано на податоци и аналитика во дигиталниот маркетинг.

Овој потег беше поттикнат и од развојот на технологијата во која статистиката игра сè поголема улога, како и подемот на вештачката интелигенција.

teodora-od-skopje-e-studentka-na-ekonomski-so-prosek-10-06.JPG

Што ти е најголема мотивација во студиите и кои трикови, техники и слично ги користиш за да бидеш меѓу најдобрите?

Најголема мотивација ми е желбата континуирано да бидам подобра верзија од себе. За мене е важно секојдневно да вложам некаков мал напор, што со тек на време ќе доведе до видлив напредок.

Трудот што го вложувам се надевам дека ќе ми обезбеди сигурна и добра иднина. Секако, во мотивацијата спаѓа и интересот кон тоа што го студирам и би сакала понатаму да се занимавам и со академско-истражувачка дејност.

Во однос на техниките за учење, би сакала да кажам дека редовно учам низ семестарот, но не е секогаш така. Кога времето ми е исполнето со дополнителни активности, може да се случи да треба да подготвам испит неколку дена пред полагањето.

Тајната се крие многу повеќе во присуство на предавањата (најголем дел од материјалот се учи „на час“), добар план и фокус на она што всушност се бара од мене на самиот испит.

Кон добрите оценки придонесува ангажманот и инволвираноста во предавањата во текот на целиот семестар.

Кажи ми нешто повеќе за наградата за активен студен со просек 10. Кои се условите, дали се доделува секоја година?

Бидејќи лани сè уште бев во текот на првата година, не знам дали се има доделувано истата награда претходно.

Се работи за признание дека студентот остварил највисок просек (10.00) проследено со некои олеснувања во плаќањето на трошоците поврзани со студирање на факултетот.

teodora-od-skopje-e-studentka-na-ekonomski-so-prosek-10-7.JPG

Колку жртвуваш за ваков успех? Ноќни излегувања, дружби… Како воспоставуваш рамнотежа?

Воспоставувањето рамнотежа е возможно со добра организација и планирање. Нормално е дека во одреден момент некој аспект ќе страда, било ноќните излегувања, дружбите или некое хоби.

Во тие моменти важно е да се постават приоритети. Меѓутоа, со оглед на тоа што таквите ситуации не траат вечно, понатаму потребно е да воспостави баланс – како за физичкото, така и за менталното здравје.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Ивона Јо за CRNOBELO: „Не сакав никој да знае дека сум во депресија, а многу сакав да ми помогнат“ „Ми беше сеедно за моето постоење и тоа беше најстрашното чувство што досега сум...
Андријана Петрушовска пред финалето на „Гранд“: „Постои ривалство меѓу кандидатите, но секој е дојде... „Се трудам секогаш да сум стилски облечена, бидејќи сцената тоа го бара. А прива...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg