Успешни Македонци низ светот: Даниел (32), дизајнер од Скопје, е сопственик на изложбен салон во Милано
Моите парчиња привлекоа внимание поради својата неконвенционална форма, а наскоро започнав соработки со барови, ресторани, продавници и колекционери кои сакаат нешто уникатно во нивните простори.
Моментално продуктите на TRAGA се продаваат во интернационални градови како Њујорк, Лос Анџелес, Мелбурн, Дубаи, Лондон и во неколку градови во Италија.
Милано како град игра огромна улога во мојот развој. Тоа е место полно со инспирација, можности и енергична дизајнерска сцена.
Овде успеав да ја изградам мојата кариера, да создадам бренд и да оформам простор што не е само мој работен простор, туку и место за креативна размена. Мојот бренд може да го следите и онлајн на www.traga.it и на Инстаграм @traga.it“.
Повеќе фотографии од Даниел и неговата работа:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело