Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот

Често патувате, па, која е најинтересната дестинација што сте ја посетиле и зошто? Набројте ми уште неколку места кои ви оставиле силен впечаток и кои би сакале да ги видите пак?

Од годината што помина најголем впечаток ми оставија Бриж во Белгија и Валенсија во Шпанија. Искрено, во вториов град би можела и да живеам.

Бриж е град од бајките, вистинска Венеција на северот, со прекрасни калдрмести улички и неодолив средновековен шарм.

Живописните плоштади, историските градби и продавници за чоколади ви создаваат чувство како да влегувате во книга со приказни.

Го посетив во јуни и во тие денови сонцето заоѓаше по 22:00 часот, а небото совршено се претвораше во палета од розово-жолти нијанси.

Валенсија е поинаква приказна, топла, возбудлива, луѓето се најблиску до нашата енергија, многу љубезни и топли, секогаш насмеани и весели.

Градот заслепува со својата футуристичка архитектура, со историските градби, златните плажи и енергичната култура.

Секогаш со задоволство ѝ се враќам на Палма де Мајорка, а повторно би се вратила во Маракеш во Мароко, Истанбул ми е секогаш на врвот на листата, а Комижа на островот Вис во Хрватска - ми го украде срцето засекогаш.

Каков впечаток ќе ви остави некое место многу зависи од тоа какви очекувања имате пред да го посетите, во кој период од годината ќе го посетите, дали одите туристички или деловно, и секако сопатниците со кои патувате.

Mислам дека ова последново е и најважно.

inspirativna-zhena-suzana-od-skopje-e-uspeshna-delovna-dama-koja-uzhiva-vo-patuvanja-i-druzhbi-so-sinot-18.JPG

А кои места сте ги посетиле и веќе никогаш не би им се вратиле (и зошто)?

Нема такви места, сите се убави на свој начин, сите имаат свој печат и своја нитка по која ги паметите.

Јас секогаш преферирам да не ги повторувам местата кои ги посетувам, секогаш сакам да истражувам нови дестинации и нови места, сакам да патувам таму каде што не сум била.

inspirativna-zhena-suzana-od-skopje-e-uspeshna-delovna-dama-koja-uzhiva-vo-patuvanja-i-druzhbi-so-sinot-22.jpg

Имате возрасен син, кој делува како да ви е најдобар пријател… Како изгледа кога вие и Никола ќе излезете заедно во ноќен клуб? Кој се забавува повеќе?

Да, Никола има 27 години, и навистина можам да кажам дека ми е најдобриот пријател, вистински креатор на мојата среќа и на мојот стрес, мора да има баланс (ха-ха).

Споделуваме буквално сè, немаме табу теми и мислам дека тоа во голема мера ја олеснува нашата комуникација.

Заедно работиме и на реализацијата на неговата авторска емисија „Жешко столче“, така што делиме и дел од работните обврски.

Точно е дека многу често излегуваме заедно, и можам да кажам дека успешно се прилагодуваме, некогаш јас на неговиот избор, некогаш тој на мојот, но секогаш правиме компромис.

Тој дојде на Махмут Орхан поради мене, јас на Милица Павловиќ поради него.

А, оттука се подразбира дека омиленото место за забава ни е Intermezzo, затоа што таму се случуваат најубавите настани.

inspirativna-zhena-suzana-od-skopje-e-uspeshna-delovna-dama-koja-uzhiva-vo-patuvanja-i-druzhbi-so-sinot-27.JPG

Најдобрата животна лекција што сте ја научиле досега?

Давањето е двонасочна активност, не треба да се трошиме на места каде што нашата вредност не е препознаена.

Да внимаваме како се однесуваме кон себе, затоа што на тој начин ги учиме и луѓето како да се однесуваат кон нас.

Да веруваме во себе и во своите соништа, можеби треба време, но со многу труд ништо не е недостижно.

inspirativna-zhena-suzana-od-skopje-e-uspeshna-delovna-dama-koja-uzhiva-vo-patuvanja-i-druzhbi-so-sinot-08.jpg

А кој совет би ѝ го дале денес на 18-годишната Сузана?

Секогаш живеј за себе и дозволи твоите одлуки да ги одразуваат твоите желби, а не она што другите го очекуваат од тебе; и мудро бирај го кругот на луѓе, одбери ги оние кои те инспирираат и те мотивираат да бидеш подобра личност.

Погледнете повеќе фотографии во галеријата:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg