Јулија, Украинка омажена за Македонец: „Војната ме раздели од блиските, сопругот ми е поддршка“

Омилено место во Македонија...

Најомиленото место ми е, секако, домот на сопругот во Демир Хисар, пријатен и на чист воздух, блиску до шума.

Исто така, Охрид – езерото е извонредно убаво, како и самата атмосфера.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-09.jpeg

Најзабавен (најсмешен) македонски збор...

Првото и најомилено зборче што го научив беше „маженце мое“. Остана засекогаш во моето срце.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-08.jpeg

Најтежок македонски збор... И колку ти е тежок за учење нашиот јазик?

Македонскиот јазик не е тежок, бидејќи многу зборови се слични на рускиот и украинскиот јазик. Изгледа дека ми оди добро.

Се трудам да зборувам со гости, пријатели, а на сопругот постојано му велам да зборува со мене на македонски.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-11.jpg

Традиции од Македонија кои ти се омилени...

Ми се допадна традицијата на венчавање – тоа е толку важно, заедно и засекогаш.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-vojnata-me-razdeli-od-bliskite-soprugot-mi-e-poddrshka-03.jpg

Ми се допадна и традицијата на прослава на именден – кога се канат сите роднини и се прави посна вечера.

Сега имам и свој светец – Свети Никола. Во Украина на тој ден децата добиваат слатки под перницата од Свети Никола.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-04.jpeg

Омилена македонска поговорка...

Еднаш бевме со Никола на стенд-ап (кај Тино и Атанас) и таму требаше да кажуваме поговорки.

Многу добро запомнив една поговорка што ја кажа Никола, „Кој копа јама за друг, сам во неа паѓа”.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-13.jpg

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-07.jpeg

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-05.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Жена со ХИВ, во брак со Македонец: „Детето се роди ХИВ негативно, внимателно ја планиравме бременост... „Моето дете веќе има 2 и пол години. Беше големо олеснување кога дознавме дека е...
Македонец кој живее со ХИВ, стана татко на ХИВ негативно бебе: „Моите стравови беа поголеми од оние ... „Кога ѝ кажав на сопругата дека сум ХИВ позитивен, нашата љубов уште повеќе се з...
Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg