Јулија, Украинка омажена за Македонец: „Војната ме раздели од блиските, сопругот ми е поддршка“

„Омилена македонска поговорка ми е: ‘Кој копа јама за друг, сам во неа паѓа’, а првото и најомилено зборче што го научив на македонски беше ‘маженце мое’“, вели Јулија Пеева Владимировна за CRNOBELO.com.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-vojnata-me-razdeli-od-bliskite-soprugot-mi-e-poddrshka-01.jpg

Јулија Пеева Владимировна (35), во душа Талевска, од Украина во брак е со Николче од Демир Хисар речиси 3 години.

Парот живее во Германија, а Јулија ја обожава Македонија, како и македонските традиции и храна.

Таа за CRNOBELO.com ја споделува нејзината приказна:

Како одлучи да се отселиш од Украина и спомени кои те врзуваат за твојата родна земја?

Поради љубовта. Работам во странство од 24 години, сум посетила 24 држави, и отсекогаш сакав да живеам во Германија.

Во Украина останаа моите најблиски – брат ми и баба ми со дедо ми.

Многу ми недостигаат, од почетокот на војната не сум ги видела и тоа е многу тажно. Се надевам дека наскоро ќе се сретнеме.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-02.jpeg

Како е да се биде во брак со Македонец? Зошто македонските мажи се добри сопрузи?

Во бракот со мојот Македонец ми е интересно. Нашите традиции се слични и тоа ми се допаѓа.

Македонците се пејачки народ, а најинтересно е што речиси сите Македонци имаат убави гласови.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-vojnata-me-razdeli-od-bliskite-soprugot-mi-e-poddrshka-02.jpg

Украинците, пак, повеќе се танцувачки народ. И јас самата танцував народни танци и балет 10 години кога бев млада.

Не знам зошто другите Македонци се добри сопрузи, но мојот сопруг е одличен. Ми се допаѓа тоа што Никола е паметен, интересен и интелигентен човек.

Тој е добар татко, ги сака децата општо и го обожава нашиот син. Очите му светат кога Тадеј е покрај него.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-14.jpg

Ги делите ли обврските во домот? Кој за што е одговорен? А како се делат обврските во украинските заедници, кои мажи се подомаќини Македонците или Украинците?

Обврските по дома ги делиме вака: јас ги правам сите работи, а Никола – сè останато.

Се разбира дека се шегувам,  Никола е одговорен за оние потешките работи каде што по природа мажите се посилни и можат да ги извршуваат, а јас за храната и домашните обврски.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-10_copy.jpg

Мислам дека не би можела да кажам кој е поголем домаќин – Украинците или Македонците.

Постојат мажи и жени, секој со свои обврски. Верувам дека така е природно – жените се повеќе домаќинки. Но, секое семејство е индивидуално.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-06.jpeg

Што ти се допаѓа кај Македонците како народ?

Македонците се весел народ, талентиран, музикален и гостопримлив. 

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-12.jpg

Кое ти е омилено македонско јадење и знаеш ли да готвиш македонски јадења?

Моето омилено јадење е, се разбира, тавче-гравче, бидејќи Украинците не подготвуваат толку вкусно гравче како Македонците – со посебната црвена сува пиперка, неверојатно вкусно.

Се учам, секако, да подготвувам македонски јадења, но ќе треба да земам уште неколку часови од свекрва ми како се прави зелник и чорба.

julija-ukrainka-omazhena-za-makedonec-od-pochetokot-na-vojnata-ne-sum-gi-videla-brat-mi-baba-mi-i-dedo-mi-03.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Жена со ХИВ, во брак со Македонец: „Детето се роди ХИВ негативно, внимателно ја планиравме бременост... „Моето дете веќе има 2 и пол години. Беше големо олеснување кога дознавме дека е...
Македонец кој живее со ХИВ, стана татко на ХИВ негативно бебе: „Моите стравови беа поголеми од оние ... „Кога ѝ кажав на сопругата дека сум ХИВ позитивен, нашата љубов уште повеќе се з...
Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg