Моника Конеска, фенг-шуи архитект: „Модерните црни кујни на Македонците се неповолни, брачниот кревет не треба да е залепен до ѕид“

Како Фенг шуи архитект, која е според вас најчестата грешка што Македонците ја прават при уредувањето на животниот простор? Кој мебел или дел од уредувањето најчесто го ставаме на погрешно место?

Најчестата грешка не ја гледам кај корисниците на просторот туку во одговорните за изградба на просторот – недоволно природна светлина и воздух, во висококатниците присуство на масивни греди и столбови кои се сериозна енергетска блокада, неправилни форми на простории и станови, се почеста изградба на станови со еднострана ориентација, како и неповолен избор на локацијата за домување што претходно ја споменав.

Македонците грешат во употребата на јаки бои во ентериерот, интензивна боја може да е енергетски неповолна во одреден сектор.

Во оваа насока, модерните црни и антрацит кујни се неповолни според Фенг шуи.

Македонците често грешат со преголема застапеност на мебел во просторот, просторот мора да дише и да обезбедува оптимален енергетски проток за движење на енергијата.

Во контекст на ова, често се поставува предимензиониран мебел за помал простор, што доведува до загушеност на истиот.

Мебелот е потребно да е соодветно пропорционален на големината на просторијата, и да постои оптимален енергетски проток низ просторот.

Македонците исто така грешат кога очекуваат брзи резултати од Фенг шуи, вистината е дека е потребен ангажман да се спроведат препораките во одреден простор и истите делуваат по одреден временски период откако ќе се воспостават нови енергетски релации во просторот.

Македонците исто грешат кога го поистоветуваат Фенг шуи со суеверие, бела или црна магија, Фенг шуи е една комплексна и повеќедисциплинарна наука за човекова благосостојба низ физичкото опкружување, а која обединува повеќе Фенг шуи школи и системи на работа, како и други сродни гранки – геомантија, геобиологија и радиестезија.

monika-koneska-feng-shui-arhitekt-modernite-crni-kujni-na-makedoncite-se-nepovolni-brachniot-krevet-ne-treba-da-e-zalepen-do-dzid-11.jpg

Кои се некои универзални правила што мора да се почитуваат при уредување на животниот простор?

При уредување на животниот простор мора да се обезбеди оптимален енергетски проток низ истиот, што значи е потребно правилно поставување на мебелот – истиот не смее да е блокиран за употреба (пример кога поради недостаток на простор брачниот кревет прилепен е до ѕид од една страна, мора да оставиме најмалку 20-30cm простор меѓу креветот и ѕидот).

Основно при уредување на животниот простор е да се изврши радиестезиско испитување на зрачења во просторот и обезбеди соодветна заштита доколку е неопходна.

Вие подготвувате Прирачник за уредување на нови станови според Фенг шуи. Какви информации ќе опфаќа овој прирачник и зошто го препорачувате?

Прирачникот всушност е наменет за избор на поволен стан и прoизлезе како потреба следствено најчестиот ангажман што го имаме, а тоа е избор на стан при купување особено во новоградбите.

Прирачникот е наменет да го оспособи купувачот да избере поволен стан каде се исполнети основните Фенг шуи принципи за здрав животен простор.

Прирачникот дава насоки како да се препознае дека станбениот објект има добри предиспозиции при поставување во околината и поволно развиен внатрешен организациски концепт, да се препознае дали станот има добра локациска поставеност во зградата (што значи според катноста, поврзаноста со комуникациите, на крај на долг ходник...), дали станот обезбедува доволен пристап до светлина и проветреност, насоки околу избор на стан со поволна форма и поволен распоред на простории (функции), препораки околу компасните ориентации и друго.

monika-koneska-feng-shui-arhitekt-modernite-crni-kujni-na-makedoncite-se-nepovolni-brachniot-krevet-ne-treba-da-e-zalepen-do-dzid-02.jpg

Кои амајлии според фенг-шуи е убаво да ги имаме во домот и каде треба да се поставени?

Во својата работа не би го употребила терминот амајлии, можеби тоа припаѓа на одредена друга категорија на Фенг шуи практиционери.

Најблизок одговор на ова прашање би дала со препораката да во секој дом е пожелно да има духовен олтар поставен во состав на делот за дневен престој.

Има ли некои универзални „лекови“ кои може да донесат пари и треба да ги имаме во домот? Или е неопходно да бидат поставени на вистинско место?

Универзални Фенг шуи лекови за да донесат пари не постојат, мора да разбереме дека секој простор е индивидуален и има своја специфика и во него живеат корисници со индивидуални енергетски параметри, така што неопходно е правилно да се изработат Фенг шуи анализите според параметрите на просторот и корисниците за да се дадат конкретни препораки и работите да се постават на вистинско место.

Дури и во случајот на станови со ист распоред поставени во иста вертикала на една зграда, постои одредена разлика во распоредот и уредувањето, а и различна енергетска состојба на станот (не и исто стан на приземје со стан на 7 кат), и секако, воедно и корисниците на просторот се разликуваат во своите индивидуални енергетски параметри.

Колку луѓето пристапуваат со недоверба кон овој принцип? Дали имате клиенти кои само ги поставуваат предметите како што ќе кажете, но немаат доверба во тоа, а потоа им се случило преродување?

Искуства во смисла на бенефит од Фенг шуи принципите има секакви, од добри кон повеќе добри и кон фантастични резултати на преродување како што велите.

Но мора да разбереме дека Фенг шуи не е само за пари или привлекување љубов како што се експонира во комерцијална литература, туку Фенг шуи е средство за постигнување на комплетна благосостојба на човекот преку креирање на здрав животен и деловен простор.

Фенг шуи воглавно го практикуваат жените, што не значи дека не сме имале и клиенти од машката популација. Недовербата најчесто се јавува кај сопрузите на клиентките, но и тука имаме исклучоци на прекрасни клиенти кои целосно соработувале во процесот.

Лично сметам дека недовербата е резултат на погрешна информираност за Фенг шуи, доколку малку повеќе се истражи оваа област и јасно се согледа професионалното практикување на Фенг шуи, верувам дека не би изоставиле при секоја физичка интервенција да ангажираат Фенг шуи стручњак.

monika-koneska-feng-shui-arhitekt-modernite-crni-kujni-na-makedoncite-se-nepovolni-brachniot-krevet-ne-treba-da-e-zalepen-do-dzid-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg