Maкедонија има талентирани млади луѓе: Давид Павиќ (19) е наш пијанист - настапувал во Рим и Будимпешта

Доколку би требало да  издвојам неколку настапи, тоа би биле: - мојот настап во Рим, преку Полихимнија во Театро Марчело, каде настапив како солист, дел од трио и како пијано соработник.

Еден од најголемите предизвици беше моето изведување на Ревиско оро од Милан Завков, во аранжман на Дамир Имери, каде што сакав нашите врвни уметници да ги претставам пред публиката во Рим. Прекрасно ја доживеаа нашата традиционална музика и тоа беше еден од моите најдраги настапи.

Други настапи кои ми се драги се моите концерти во Хрватска, во Нашице и Вараждин, како и концертот во Белград каде настапував како солист и камерно музицирав.

makedonija-ima-talentirani-mladi-lugje-david-pavikj-19-e-nash-pijanist-nastapuval-vo-rim-i-budimpeshta-03.jpg

Настапот во Будимпешта, во Франц Лист Академијата, каде свирев со мојот музички квартет составен од моите најблиски пријатели: Јана Јовиќ, Магдалена Дрмач и Филип Велковски ми остана во едно преубаво сеќавање.

Овој настап беше посебен бидејќи преку музиката го истакнавме нашето пријателство, што ја направи изведбата уште поефектна. Како што секој инструмент ја пренесуваше темата, така се истакнуваше и индивидуалноста на секој од нас, создавајќи универзална хармонија на пријателството и во музичка смисла.

makedonija-ima-talentirani-mladi-lugje-david-pavikj-19-e-nash-pijanist-nastapuval-vo-rim-i-budimpeshta-15.jpg

Исто и концертот во чест на „Скопје европска престолнина на културата 2028” одржан во Даут пашин амам минатиот месец, каде се претставивме со триото  Јана Јовиќ и Филип Велковски, поддржан од Министерството за култура, за нас претставуваше огромна чест. Ние троица секогаш се радуваме на можноста да настапуваме заедно, создавајќи прекрасна музика. 

Заедничкиот рецитал со Филип Велковски во Струмица исто така ми е многу значаен, бидејќи на тој настап го затворивме првото издание на фестивалот по класична музика во Струмица, Камерата ад Астра. Тој концерт беше незаборавно искуство.

makedonija-ima-talentirani-mladi-lugje-david-pavikj-19-e-nash-pijanist-nastapuval-vo-rim-i-budimpeshta-13.jpg

Концертот „Музичка Моќ на Обединување“ со гостин од Грција, Вангелис Драгатсис, кој се одржа неодамна, остави голема трага и кај нас самите репродуктивци и секако кај публиката.

Тогаш изведовме македонска и грчка народна песна, каде јас ги пишував аранжманите, тие беа збогатени со виолината и прекрасниот вокал на Јана Јовиќ. Секој концерт е посебно музичко патување, затоа се радувам на секој настап а особено кога ја создавам и креирам со луѓе кои ги сакам. 

makedonija-ima-talentirani-mladi-lugje-david-pavikj-19-e-nash-pijanist-nastapuval-vo-rim-i-budimpeshta-11.jpg

Свирењето и вежбањето клавир, не е тешка работа. Кога се прави со љубов и посветеност, кога целосно музиката го претставува твојот живот, како човек и уметник. Тогаш таа претставува најлесна работа а сите останатите обврски стануваат тешки, бидејќи го бараат времето кое сакаш да ѝ го посветиш на музиката.

Во моето слободно време имам желба да компонирам, се обидувам и сакам да компонирам, иако сè уште немам создадено ништо целосно како готов продукт. Сепак, тие мои обиди ги сметам за хоби, кое можеби еден ден ќе се развие во професија“.

makedonija-ima-talentirani-mladi-lugje-david-pavikj-19-e-nash-pijanist-nastapuval-vo-rim-i-budimpeshta-10.jpg

makedonija-ima-talentirani-mladi-lugje-david-pavikj-19-e-nash-pijanist-nastapuval-vo-rim-i-budimpeshta-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg