Миријам од Мексико живее во Македонија: „Во Маврово првпат видов снег, многу луѓе знаат шпански поради теленовелите“

Живееш во Скопје, но си посетила ли други места? Кое ти остави најголем впечаток? Има ли место што не ти се допадна?

Ги имам посетено само Маврово, Пониква, Велес, Битола, Св. Никола, Галичник и Охрид.

Омилено ми е Маврово бидејќи таму првпат видов снег.

Има снег во Мексико, но само на планините и на северниот дел од земјата, но во мојот роден град, никогаш не врнело снег.

Исто така, ми се допаѓа Охридското Езеро.

Мислам дека секое место има своја убавина.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-15.JPG

Дали со сопругот планирате да останете во Македонија или размислувате и за Мексико?

Мислам дека ќе останеме овде. во Македонија.

Овде се роди син ни и ни се допаѓа животот.

Мексико е убава земја, но е поголема и животот е покомплициран.

Но, којзнае, можеби еден ден ќе се преселиме некаде.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-05.JPG

Го учиш ли македонскиот? На кој јазик зборува вашиот син? На кој јазик комуницирате дома?

Немам многу време да го учам јазикот, но мислам дека го разбирам, но срам ми е да зборувам.

Многу зборови се слични на шпанскиот, па пробувам да разберам од контекст.

Сега со син ми ги учиме двата јазика – тој добро разбира и зборува шпански и македонски, а има само две години.

Со сопругот зборуваме на англиски, некогаш македонски, но полесно ни е на англиски.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-09.JPG

Има ли многу разлики во воспитување на децата овде и во Мексико?

Мислам дека зависи од семејството, но главно воспитувањето е многу слично.

Го учиме син ни на дисциплина, манири, да покажува почит, да биде учтив…

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-2.JPG

Кој ти беше најголемиот културен шок во Македонија? Има ли нешто на коешто не можеш да се адаптираш?

Најтешко ми беше периодот кога дојдов во Македонија и го немав социјалниот живот како дома, односно моите најблиски пријатели.

Но, почна да се подобрува кога се вработив и почнав да сретнувам ново луѓе.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-06.JPG

Сега имам мои пријатели, а одлична е и латинската заедница бидејќи се дружиме еднаш месечно и зборуваме шпански и, секако, се разбираме бидејќи се соочуваме со слични ситуации.

На почетокот јазикот ми беше малку комплициран, но сега кога зборувам и разбирам повеќе, се чувствувам поудобно.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-19.JPG

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Софија Спирова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg