Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични близначки“

„Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во одредени моменти, особено на училиште. Често се имаме „зезано“ и со блиските, па кога ќе нè препознаеле, почнувале да се смеат“, велат сестрите -диџејки Андреа и Патриција за CRNOBELO.com.

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-01.jpg

Андреа и Патриција Георгиеви се 21-годишни девојки од Штип. Но јавноста во Европа сè повеќе ги препознава како сестринското диџеј дуо The Geors, а тие имаат настапи во Италија, Швајцарија, Грција...

Освен ова, лансираа и своја сопствена линија на очила за сонце, Gianni Geor, на која се самите заштитни лица.

Но, меѓу музиката, водењето сопствен бизнис и моделингот, тие студираат IT Engineering, а имаат и интересно хоби цртање портрети и фотографија.

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-06.jpg

Двете девојки привлекуваат со својот впечатлив изглед - продорните сини очи, полните усни и прекрасната насмевка.

Во разговор за CRNOBELO.com ни открија дека Патриција е една минута постара од Андреа, дека тоа што се идентични близначки го „злоупотребиле“ неколкупати на училиште, а дека и на дечковците им се случувало да не ги препознаат која е која.

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-115.jpg

За нивната работа, зошто класичната музика ја заменија со електронска, колку често се караат и која прва попушта, прочитајте го интервјуто:

Деновиве сте вистинска сензација не само кај нас, туку и во регионот. Колку долго работите како диџејки и како почна вашата професионална приказна?

Се занимаваме цел живот со музика, почнувајќи со свирење пијано уште од најрана возраст.

Мислам дека бевме второ одделение кога почнавме и имавме настапи еднаш месечно, на таканаречените јавни часови.

Тоа траеше првите 2-3 години, по што почнавме да свириме во театар, па во Скопје...

Ова траеше сè до нашето полнолетство, кога почнавме со работа како диџеи.

Јавно, професионално почнавме да се занимаваме со електронска музика пред 3 години, за време на пандемијата, кога често организиравме свои приватни настани за да се забавуваме со блиските, а ние пуштавме музика.

На 18-годишна возраст, буквално преку ноќ, одлучивме да започнеме професионално да работиме во оваа сфера, основајќи го диџеј дуото The Geors.

Оваа одлука за нас претставува животна промена, нова насока, во која целосно се пронајдовме.

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-07.jpg

Кога се смени љубовта од класичната музика кон електронската? И дали и денес знаете некогаш да си пуштите класика за своја душа, или тоа го правевте повеќе поради родителите?

Промената на музичкиот правец настана со појавата на дуото The Geors, иако и денес, често во слободно време, уживаме во класичните тонови, но тоа е најчесто во опуштен амбиент, на сестрински разговор.

Често се случува и со чаша добро вино да отсвиреме стари, безвременски мелодии на пијаното дома, за наш ќеф.

Новина во нашата работа е што од декември ќе вклучиме и пијано во нашите настапи, како додаток на контролерот, а за подобро искуство на нашата публика.

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-05.jpgПатриција

Едно е да си диџеј кај нас, ама друго да се пробиеш на меѓународната сцена… Како ви успеа? Како изгледаше вашиот пат до популарноста?

Нешто на кое ние посветувавме внимание уште од самиот почеток на кариерата е автентичноста - да се биде оригинален, особено што станува збор за шоубизнисот.

Покрај автентичноста, секогаш се грижиме за квалитетот кој го „продаваме“.

Сакаме нашата публика да ги добие тоновите кои нема да ги заборават, нашите музички тонови да им го привлечат вниманието, а потоа и ние, со својата енергија и интеракција на сцената да го задржиме нивното внимание.

Почнавме без менаџер/агент, но со текот на времето, како што движи проектот, неопходно беше да стапиме во контакт со посебни претставници кои ќе нè застапуваат како диџеј дуо во држави како Грција, Италија (каде ни е и матичната агенција), во Албанија, Бугарија, Германија и Швајцарија.

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-03.jpgАндреа

Каде сè сте настапувале во овие 3 години?

До сега имаме настапувано во повеќе држави, како Грција (Атина, Миконос, Солун, Кавала, Тасос), во Италија (Наполи, Рим, Милано), Албанија (на албанската ривиера и во Тирана), во Бугарија (Бургас), Германија (Франкфурт), Швајцарија (Цирих).

Посебно ни беше драго кога минатиов месец бевме повикани да бидеме артисти на забавите на Milan Fashion Week ‘24, каде запознавме врвни светски модни дизајнери, истовремено сликавме кампањи за некои од присутните дизајнери, како Diana Dieppa Couture, Anton Giulio Grande, Diesel.

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-09.jpg

Раскажете ми некоја анегдота од вашите настапи…

Незаборавно искуство беше нашиот диџеј сет пред натпреварот на Napoli на стадионот Diego Armando Maradona во Неапол.

Кога филмот и музиката се споија, бевме во центарот на овие случувања, односно во Рим во познатиот клуб Art.

Италија носи посебна енергија со себе и несебично ни ја дава кога и да настапуваме таму.

Или што би рекле ние „Италија нè сака“!

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-13.jpg

А може ли да ве видиме и кај нас? Пуштате ли музика низ Македонија?

Во Македонија беа почетоците на нашите забави, поточно во убавиот Охрид.

Добивме многу позитивен фидбек и критики, за кои сме претерано благодарни.

Денес, за жал, не пуштаме музика во Македонија, бидејќи тимот со кој работиме ни е базиран надвор од државата.

Но, ние никогаш не велиме никогаш.

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-11.jpg

Како реагираат луѓето кога ќе ве видат?

Често знаеме да предизвикаме конфузија и трема, но двете сме отворени девојки, полни со љубов и често ја опуштаме атмосферата со почнување разговор и ширење позитива околу нас.

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-10.jpg

Кој е најинтересниот или најчудниот комплимент што сте го добиле?

Најинтересниот комплимент, би рекле дека е кога група девојки на наша журка, ни кажаа дека гледајќи нè нас никогаш не би погодиле од која култура/нација доаѓаме, судејќи по нашите „несекојдневни црти“.

Воедно, би рекле дека тоа е, можеби, и најчудниот комплимент.

shtipjankite-patricija-i-andrea-21-za-crnobelo-dechkovcite-porano-ne-meshaa-zashto-sme-identichni-bliznachki-17.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Диџеј Мац: „На журки ми бараат песни од Ерзана и Врчак“ Крајот на 2023-та на музички план го одбележаа забавите со домашни хитови кои ди...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg