Јован Јованов за CRNOBELO: „Во Канада немам пријатели како тука, но државата има свои предности“

„Малку е тешко да се споиме пак со момците од „Магија“, зашто јас живеам во Канада, а Зоки е во Австралија, па никогаш не сме заедно тука во исто време. Да бевме сите во Скопје, мислам дека одамна ќе направевме некоја нова песна“, вели Јован Јованов во интервју за CRNOBELO.com.

jovan-jovanov-za-crnobelo-vo-kanada-nemam-prijateli-kako-tuka-no-drzhavata-ima-odlichni-uslovi-za-zhivot-01.jpg

Едно од најзвучните имиња на македонската музичка сцена од крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите години, Јован Јованов, скоро една деценија живее во Торонто, Канада.

И покрај тоа што ретко пее, не се откажува од музиката, а во Канада компонира и за тамошните изведувачи, но и за македонски музичари.

Со Јован се дружевме на Макфест во Штип, каде што е член на уметничкиот совет на фестивалот веќе три години и каде што направи топ журка на макфестовското афтерпарти во еден од штипските локали.

jovan-jovanov-za-crnobelo-vo-kanada-nemam-prijateli-kako-tuka-no-drzhavata-ima-odlichni-uslovi-za-zhivot-14.jpg

Но, потоа се сретнавме и во Скопје, каде што испивме кафе и разговаравме за многу теми кои се поврзани со него во изминативе 10 години.

Во интервјуто Јован ни раскажа за животот во Канада, за песните што му се веќе снимени и планира да ги промовира во 2025 година, за ќерката која има 12 години, но и за момците од групата „Магија“, со кои долго време беше неразделен.

jovan-jovanov-za-crnobelo-vo-kanada-nemam-prijateli-kako-tuka-no-drzhavata-ima-odlichni-uslovi-za-zhivot-13.jpg

Прочитајте го интервјуто:

Само што заврши уште едно издание на Макфест... Колку си задоволен од песните, организацијата, фестивалот воопшто?

Задоволен сум и од реакциите на публиката, но и од реакциите на естрадата и луѓето кои учествуваа на фестивалот.

Музиката пред сè треба да им се допадне на слушателите, а мислам дека оваа година од фестивалот ќе излезат неколку песни кои ќе се слушаат уште долго време.

Од организациска страна, бидејќи нели, бев директно вклучен во организацијата на фестивалот и како член на уметничкиот одбор, имаше работи кои би сакал да ги сменам и да ги подобрам за в година, но генерално сум задоволен.

jovan-jovanov-za-crnobelo-vo-kanada-nemam-prijateli-kako-tuka-no-drzhavata-ima-odlichni-uslovi-za-zhivot-12.jpg

Од сите песни на фестивалот, има ли барем една што се одвојува (според тебе) и која ти остави голем впечаток?

Песните ми се многупати преслушани, уште пред да се испеат на Макфест.

И да бидам искрен, не можам да издвојам една песна, зашто, како што кажав, има неколку песни што сигурно ќе останат да се слушаат и ќе бидат евергрини.

Ми се допаднаа неколку песни и од ревијалната и од дебитантската вечер, па не би издвоил една конкретно, но чекам да видам кои песни ќе се слушаат и кои млади изведувачи ќе се пробијат по нивниот настап.

jovan-jovanov-za-crnobelo-vo-kanada-nemam-prijateli-kako-tuka-no-drzhavata-ima-odlichni-uslovi-za-zhivot-15.jpg

По финалето на Макфест секогаш има афтерпарти, а годинава пееше и ти... Ти врати ли носталгија целата атмосфера кога излезе на бината - девојчиња во првите редови, фанови што скокаат и ги пеат твоите песни?

Па да, да, беше носталгично малку. Јас се чувствувам убаво кога сум на сцената и со ќеф го направив тоа. И имаше супер атмосфера.

Потоа отидов и на настапот на ДНК, кој беше во близина на клубот кај што се одржуваше макфестовското афтерпарти, па таму ја испеав „Магија“ и беше многу добро.

jovan-jovanov-za-crnobelo-vo-kanada-nemam-prijateli-kako-tuka-no-drzhavata-ima-odlichni-uslovi-za-zhivot-07.jpg

Со Пајак лани ја препеавте „Магија“. Дали мислиш дека ти е време за нова песна, да се вратиш на сцената?

Имам снимено неколку нови песни и планот ми беше да ги пуштам до крајот на оваа година, но, по сè изгледа, тоа ќе се случи следната година.

Имам и некои дуети кои не би ги открил сега, но мислам дека ќе им се допаднат на слушателите.

jovan-jovanov-za-crnobelo-vo-kanada-nemam-prijateli-kako-tuka-no-drzhavata-ima-odlichni-uslovi-za-zhivot-10_copy.jpg

Продолжува на следната сатраница...



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg