Александра Јорева Михајловски за ракот на матка: „Сопругот ми беше поддршка, синот сам на интернет дознал за дијагнозата“

Имаше ли компликации подоцна?

Со самото тоа дека целосна хистеректомија значи отстранување на матка и јајници бев ставена во принуден климакс, а климаксот сам по себе си носи компликации, а не пак кога е принуден и без подготовка на организмот.

Тоа со себе си носи многу работи, како и изобличување на телото, кое навидум е твое, но без неколку органи.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-18.jpg

Како и зошто се одлучи за превентивна мастектомија на градите? Беше ли тешко да се донесе ваква одлука?

Зошто се одлучив за превентивна мастектомија? На еден од прегледите на градите ми беше кажано дека имам фиброаденом и за јас да сум мирна докторката ми предложи да направиме биопсија и јас не сакав.

Тогаш ми рече: „Млада си, оди реши го и овој дел да сме мирни, во светот тоа така се решава“.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-11.jpg

Толку ми требаше, се растрчав, се распрашав, но кај нас ми рекоа не прават превентивна мастектомија, дури и малку чудно ме гледаа и затоа заминав за Белград кај проф. д-р Синиша Којиќ.

Се договоривме, закажавме и се направи мастектомија со реконструкција на градите, сè во едно.

Иако докторот ми предложи да одиме чекор по чекор, јас тоа не можев психички да го издржам, одлучив дека ќе трпам болка и ќе завршам со сè и така направивме.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-05.jpg

Зошто медицинските онколошки работници се клучни во овој процес?

Знаете како, во процесот на еден онколошки пациент се важни сите медицински лица. Затоа што ако не веруваат во медицината не би биле на онкологија.

За жал, го видовме случајот со онкологија и злоупотребата на позициите внатре и целиот хаос со терапиите на онкологија. Бев поддршка на протестите и се надевам дека нешто ќе биде променето.

Секој еден онколошки пациент треба да има достоинствен и квалитетен живот, додека е во процес на лекување, а и после тоа.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-19.jpg

На пример, мислам дека околу 4.500 нови пациенти има годишно (не сум 100 проценти сигурна за бројкава), но тоа е премногу.

Има многу типови на канцер, за жал, а патот за сите е ист, онкологија.

Зошто на пример пациентите да чекаат и да се гужваат за таблетарна терапија којашто ја примаат после излекување на канцерот, зошто да не се обезбеди таа терапија по аптеки, наместо дополнително да се зголемува метежот?

Зошто да не може да си отидат до аптека и како витамини, така и таблетарната терапија, да си ја земат?

Нормално, за тие кои мора да продолжат со таква терапија.

Онколошкиот медицински персонал е важен затоа што тие ја даваат сигурноста на пациентот, исто како и патологот со точноста во дијагностиката и докторот онколог во одредување на терапија за излекување.

Замислете да нема точна дијагностика или спроти вас да имате онколог кој не разговара со вас или да не знаете колку време ќе примате терапија или низа други прашања.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-17.jpg

Како поднесе психички? Кој те бодреше најсилно?

Јас веројатно сум многу чуден карактер, мене не ме забележи никој како ми е и како поминувам низ сè што следеше и траеше.

На пример, после првата хемотерапија отидов на концерт, истото го направив и после последната.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-13.jpg

Едноставно знаев дека ова еден животен предизвик со кој јас морам да се соочам и да го изодам патот, па да ги искачам сите скали кој се по патот.

Не е дека не паѓав по тој пат, но психата е таа којашто или ќе ја контролираме ние или таа ќе нè преземе, а тогаш веројатно е уште потешко.

Мислам дека најголемото бодрење го имав од самата себе и од Тони.

Некако со самото тоа што од него добивав многу прашања свесно поставени за да ме остави во фаза на будност и размислување за самата себе и што понатаму - ми беше едноставно да одлучам дека ова е предизвик, а не борба, затоа што борба со непознатото би била многу страшна веројатно, така и си терав.

Сите во животот се соочуваме со предизвици што сакаме да ги решиме, па така и мојов предизвик тргнав да го решавам.

Погледи го во очи проблемот или предизвикот и тргни да го решаваш. Ова ме водеше.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-02.jpg

Како прифатија сопругот и синот? Како му соопштивте на синот?

Тони тешко ја прифати дијагнозата, исплашен што е и нормално, но кога виде дека јас некако се снаоѓам добро, по патот ми се придружи во чекорењето, целосно држејќи ме цврсто за рака.

За Максим јас решив како ќе му кажам и што ќе му кажам, веќе спомнав погоре. Мислев дека ако го излажам, таа некоја бела лага, за да го заштитам, ќе си легне на брашно и ќе биде сè океј. 

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-15.jpg

Но, кога после последната хемотерапија виде дека косата расте и не паѓа повторно, туку јас ја кратам, дојде и ми рече: „Мама ти си меѓу ретките кои го победиле канцерот“.

Ме тресна од земја со ова, се налутив и почнав да го прашувам кој му кажал дека сум имала канцер за да ми каже дека он на интернет пребарувал за жени на кои им паѓа косата и на интернет видел дека тоа е тоа.

Замислете молчел сè до моментот да дојде и да каже кога ќе е сигурен. Колку е тоа тешко за едно дете од 8 години да се соочува со стравот од тоа што го видел на интернет истражувајќи сам без да разговара со мене. Страшно.

Но, еве нè сега разговараме на темите на кои сака да разговара на негови 13 години.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-16.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ивана од Прилеп го победи ракот: „Ќерка ми (5) ми ја скрати косата кога почна да ми паѓа од хемотера... „Кога ми кажаа дека ракот е минато и тоа како се изнаплакав! Цела една година во...
Љубица Димовска, дефектолог: „Родителите тешко прифаќаат дека се виновни за екранизмот на децата“ „Она што им паѓа најтешко на родителите е дека мора да го исклучат екранот, а со...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Марија од Скопје за ракот на дојка: „Не гуглав лекови, полесно ми беше да патувам по светот, отколку... „Дијагнозата само ми ги изостри сетилата за уживање во животот. За цело време на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg