Калиопи за CRNOBELO: „Кога создадов свое семејство, сфатив колкава жртва правеле моите родители за мене“

„Заради мене целото семејство го напушти Кичево и се пресели во Скопје. Тоа се големи промени, жртви, неизвесност. Дури кога самата створив семејство, сфатив колку голем стрес бил тој период за моите најблиски“, вели Калиопи во интервју за CRNOBELO.com.

kaliopi-za-crnobelo-koga-sozdadov-svoe-semejstvo-sfativ-kolkava-zhrtva-pravele-moite-roditeli-za-mene-01.jpg

Ако за некоја пејачка кај нас се спомне епитетот „дива“ првата асоцијација е секогаш Калиопи. Без исклучок.

По 40 години на сцената, таа овој епитет не го носи само поради долговечноста и својот неверојатен глас (со кој и ќе ве наежи, ќе ве расплаче и ќе ве крене), туку и поради својата емотивност, па не можете да останете рамнодушни на неа.

А Калиопи е подеднакво голема и на сцената и вон неа. Ќе ве плени со еден збор, ќе ве шармира со една насмевка, ќе „ве купи“ засекогаш со една прегратка.

Отсекогаш била таква, а вие, не можете, а да не ја сакате.

kaliopi-za-crnobelo-koga-sozdadov-svoe-semejstvo-sfativ-kolkava-zhrtva-pravele-moite-roditeli-za-mene-10.jpg

И додека се подготвува за својот голем концерт во арената „Борис Трајковски“, каде по скоро цела една деценија ќе се дружи со скопската публика, Калиопи најде време и за неформално дружење и појадок со новинарите.

„Јас само ги мирисам овие печива денес. На липосукциска диета сум и денес ми е последниот ден, не смеам да ја прекршам. Симнав 8kg, а сакам да намалам уште некои 4kg за да ја имам онаа идеална тежина од Баку, кога ја пеев ‘Црно и бело’ на Евровизија“, кажа со насмевка.

А во интервју за CRNOBELO.com, поп-дивата зборуваше и за приватниот живот, детството и поддршката од родителите, за пријателскиот однос со поранешните сопружници Ромео Грил и Васил Зафирчев, но и за пријателите, кои, како што вели „за неа знаат да кренат карпа, кога таа губи сила“.

kaliopi-za-crnobelo-koga-sozdadov-svoe-semejstvo-sfativ-kolkava-zhrtva-pravele-moite-roditeli-za-mene-09.jpg

Прочитајте го целото интервју со Калиопи:

Во моментов се подготвувате за големиот скопски концерт и ова ќе биде ваш прв концерт во Скопје по 8-9 години. Зошто толку долго време ја „лишувавте“ домашната публика од вашите настапи во живо и емоциите кои ги носите на сцената?

Кога човек го чека вистинското време, не постои долго, ниту кратко време.

Јас само чекав да имам голем повод за да ѝ го подарам на домашната публика најдоброто од себе и да ја израдувам.

Ќе биде ли и вашето семејство на концертот? Кога последен пат, пак, тие ве гледаа на некој од вашите настапи?

Секако дека ќе биде. А последен пат ме гледаа во Белград, на мојот втор концерт во „Сава центар“.

kaliopi-za-crnobelo-koga-sozdadov-svoe-semejstvo-sfativ-kolkava-zhrtva-pravele-moite-roditeli-za-mene-02_copy.jpg

Многу сте блиска со вашата мајка и повремено знаете да споделите фотографии со неа. Дали се „топи“ кога ќе ѝ запеете? Сака ли да ѝ пеете дома, кога сте сами, да ѝ засвирите на пијаното за мерак?

Мајка ми е уметничка душа. Таа цел свој живот го посвети на просветителството и воспитување на многу генерации.

Сликарството е нејзина силна страна, па освен учениците, и ние денес уживаме во нејзиното творење, таа сè уште црта.

Кај неа дома се наоѓа мојот прв клавир, па често знам спонтано да ѝ запеам…

Колку таа, но и вашиот покоен татко ве поддржуваа во желбата за пеење во детството... Ви беа ли ветер во грб од првиот момент?

Секогаш! Уште од првиот момент кога ја воочиле мојата дарба и силна желба за пеење, биле мојот столб, мојот ветер во грб, но пред сѐ - мојата сигурна лулка.

Заради мене, целото семејство го напушти Кичево и се пресели во Скопје. Тоа се големи промени, жртви, неизвесност.

Дури кога самата створив семејство, сфатив колку голем стрес бил тој период за моите најблиски.

Но, знам исто така дека тие никогаш не зажалија…

kaliopi-za-crnobelo-koga-sozdadov-svoe-semejstvo-sfativ-kolkava-zhrtva-pravele-moite-roditeli-za-mene-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg