Сашка (38) е домаќинка од Куманово: „Кујната е моето царство, готвам секој ден, моето семејство е пресреќно“
Се надевам дека еден ден ќе имам своја пекарница и луѓето ќе имаат можност да ги пробаат работите кои ги месам.
Сметам дека најважно во животот е ништо да не правите на сила, да уживате, да сте среќни и да сте задоволни ако имате кров над главата и сакани луѓе со кои го споделувате својот дом.
Кога ќе слушнат луѓето дека некоја жена е домаќинка, по автоматизам помислуваат дека таа само лежи, но не е така, да се биде домаќинка е работа со полно работно време.
Среќна сум што моето семејство го цени тоа. Тие се пресреќни затоа што се грижам за домот и во него секогаш има домашен ручек и топло лепче.
Тоа што е малку за некого, за друг е многу.
Инаку не сакам да се докажувам со луѓето и на шега им велам дека ние домаќинките само лежиме, уживаме и ништо не работиме“.