Цеце Георгиев: „Зелената игуана слободно ни се шета низ дома - прво гребеше, а сега се гали“

Како му изгледа живеалиштето и како го одржуваш?

Во неговиот дом има едно големо дрво каде што си лежи и спие, има сад за вода, како и кокосов тресет (супстрат).

Еднаш во неделата го чистам терариумот генерално.

cece-georgiev-zelenata-iguana-slobodno-ni-se-sheta-niz-doma-prvo-grebeshe-a-sega-se-gali-05.jpeg

Како реагираат луѓето на твојот миленик?

Паскал е омилен помеѓу нашите пријатели, сите го обожаваат, па можам да кажам дека и другарчињата на ќерка ми Кара сакаат по еден Паскал за дома.

Тој толку е приврзан со мене што моите пријатели на шега ме викаат Цеце – Вентура.

Со што се храни, пие ли вода?

Зелените игуани се хранат со овошје и зеленчук. Омилена храна му е грашок, краставица, сака да јаде зелена боранија, како и банана…

Пие вода и сака да се бања.

cece-georgiev-zelenata-iguana-slobodno-ni-se-sheta-niz-doma-prvo-grebeshe-a-sega-se-gali-06.jpeg

Сте имале ли некој немил настан?

На почеток беше малку див (што е и нормално) бидејќи сменил средина, па имав неколку гребаници по рацете, но со тек на времето се смири и нè прифати…

Дали сака да се гали? Кој член од семејството му посветува најмногу внимание?

Паскал е навистина посебен, тој дури и реагира на мојот глас, ми скока во раце за да се гали бидејќи од мене ја добива целата грижа и нега.

cece-georgiev-zelenata-iguana-slobodno-ni-se-sheta-niz-doma-prvo-grebeshe-a-sega-se-gali-04.jpeg

Зелената игуана како домашен миленик ти се допаѓа затоа што…

Е егзотично животно, многу се ретки кај нас и затоа што со љубов и внимание се подеднакво мили и нежни како и останатите домашни миленици.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

 



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg