Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме за операцијата“
Па така, кај бебето беше дијагностициран тотален пулмонален аномален венски влев.
Вештачката интелигенција, со моментално достапните софтверски алатки и анализа на радиолошките податоци, автоматски може да ги препознае и презентира досега познатите анатомски варијации кај луѓето.
Но, ретко може да сугерира за дел од патолошките промени кои се присутни кај пациенти за кои е потребна дополнителна контрола од стручно лице, а за да се избегне можност од медицинска грешка.
За тоа беа потребни повеќе од 10 часа континуирана работа за да се создаде тридимензионален модел, време кое не влијаеше за одложување на операцијата.
Откако заврши овој процес, моделот се испрати за подготовка во друга лабораторија, за 3Д печатење.
На крај, по соодветната предоперативна подготовка базирана на овој модел, стручниот медицински тим предводен од проф. д-р Чадиковски, изведе операција и ги пренасочи белодробните вени кон левата страна на срцето.
Операцијата беше изведена со длабока хипотермија, каде телото се лади на 19°C, а траеше 3 и пол часа.
Бебето закрепна без компликации и ние постојано ја следиме нејзината состојба преку нашиот педијатриски кардиолошки центар.”
По ова, д-р Паункоски го презентираше случајот со девојчето на World Summit for Pediatric and Congenital Heart Surgery во Болоња.
Toa e прв светски конгрес од овој тип, а го организираше Светското друштво за педијатриска и конгенитална срцева хирургија (WSPCHS), Европската асоцијација на хирурзи за конгенитални срцеви заболувања (ECHSA) и Друштвото на хирурзи за конгенитални срцеви заболувања (CHSS).
„Работилниците на овој конгрес беа одржани со однапред испечатени 3Д модели на различни органи на кои вежбавме различни постоечки и нови оперативни техники. Добиеното искуството е незаменливо.
Досегашното искуство и многубројните научни студии потврдија дека со користењето 3Д модел на органите на пациентите во предоперативната подготовка, драстично може да се скрати времетраењето на операцијата.
Со тоа се намалува и ризикот од можните компликации, процедурата е побезбедна за пациентот, а со тоа се подобрува и неговата целокупна рехабилитација.
3Д моделот што го изработивме ние сега се користи за едукација на студентите по медицина и на медицинскиот персонал.
Сведочејќи на огромниот потенцијал што го има оваа технологија во медицината, конкретно во хирургијата, верувам дека иднината ќе ни обезбеди уште подобри алатки за точна и навремена персонализирана дијагностика.
Тоа ќе создаде можност за симулација на операцијата, а потоа моделите би можеле да се користат за едукација на различни тимови, кои би правеле операции на истата состојба, во различни клинички средини“, вели д-р Паункоски.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело