Водителката Александра Пановска Илиевска за љубовта со сопругот: „Ме запроси со прстен стуткан во шамичиња“
Имавте уникатна свадба. Раскажи ни - чија беше идејата да се возите во Фиќо, кој ти ја креираше венчаницата? Беше ли задоволна од тоа како сè излезе на крај?
Благодарам, да сакавме да биде прекрасно и мислам успеавме.
Целата организација беше во мои раце, само делот за возило беше избор на мојот сопруг.
Венчаницата ја креираше Мила Кадриу. Требаше само да ѝ испратам една фотографија да ја долови мојата идеја, да имам венчаница во која танцувањето ќе ми биде едноставно, а ќе бидам јас баш онака како што се замислував.
Секогаш ќе ѝ бидам благодарна за сè…
А, шминката и косата беа дело на Даниел Николовски кај кој редовно бев во салон, па за тој дел не ни бев загрижена – знаев дека ќе биде совршено како и што беше.
Кога сме кај возилото, тоа беше дел кој требаше да го планира мојот сопруг.
Бидејќи и двајцата сме од Скопје, некако Фиќо беше нешто што е кул и скопски со лименки „Скопско“ врзани одзади, секако другарите и кумот со огромна радост придонесоа за бројот на лименки…
Но, кога ми кажа Фиќо, реков: „ајде ок“…
Само во мисла ми беше: „леле ако е некое зелено или портокалово, воопшто нема да се совпадне со целата идеја за сина боја“…
Хортензии сини во мојот букет, тој во сино одело…
Благодарение на пријатели на мојот сопруг, неколку дена пред свадба тргнавме кон населба Црниче каде што нè очекуваше пријател кој со огромна љубов го реставрирал Фиќото подарок од неговиот дедо и, да, ја имаше совршената сина боја.
Од почеток до крај, сè излезе совршено, но секако нешто требаше да нè изненади: бура која сите ќе ја паметиме тој 2-ри јули 2016-та.
Се намалува ли љубовта од година во година, како што се менува животот?
Љубовта како и сè во животот, за да опстои, треба да се негува.
Отворена комуникација, разбирање и компромис се нешто што не треба само да се каже, туку и да се применува.
Семејството е нешто на што сум најгорда како успех во мојот живот.
Со оглед на тоа што сопругот е со тебе сите овие години додека ја градеше кариерата, колку ти значеше неговото мислење за тоа што го работиш? Како се справува со тоа што ти си јавна личност и постојано си на малите екрани?
Да, тој е мојот најголем критичар, на кој најмногу му верувам бидејќи е сурово искрен.
Супер се справува, не му смета, но, тој лично не сака да биде дел од јавниот живот.
Ви се смени ли односот откако ја добивте ќерката Сара? Што е она што како пар го научивте за себе откако таа дојде во вашите животи?
Да, но нè научи на многу работи и ни потврди дека таа фалеше за сликата на семејство да е целосна и комплетна за радост.
Нè научи дека не оди сè по план, дека ако нешто реши така ќе биде и така секој ден…
Кој е рецептот за една врска да опстане подолг период? Што е она што вас двајца ве држи заедно?
Вистинска љубов…
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Приватна архива