Водителката Александра Пановска Илиевска за љубовта со сопругот: „Ме запроси со прстен стуткан во шамичиња“

„Запросувањето се случи во Барселона, не ни сонував дека ќе успее да ме изненади како што ме изненади. На плажата Барселонета, завиткан во хартиени шамичиња за да не го откријам, извади прстен и клекна на колена“ – се присетува во интервју за CRNOBELO.com, водителката Александра Пановска Илиевска, која веќе 20 години е во складна врска со сопругот, а 8 години е во среќен брак.

voditelkata-aleksandra-panovska-ilievska-za-ljubovta-so-soprugot-me-zaprosi-so-prsten-stutkan-vo-shamichinja-01.jpg

Нашата ТВ водителка Александра Пановска Илиевска со години наназад е препознатливо лице на нашите мали екрани.

voditelkata-aleksandra-panovska-ilievska-za-ljubovta-so-soprugot-me-zaprosi-so-prsten-stutkan-vo-shamichinja-02.jpg

Денес е дел од Утринската програма на Канал 5, а сите ја запознавме благодарение на емисијата „Брза кујна“ на ТВ Сител.

voditelkata-aleksandra-panovska-ilievska-za-ljubovta-so-soprugot-me-zaprosi-so-prsten-stutkan-vo-shamichinja-03_copy.jpg

Во интервју за CRNOBELO открива повеќе детали за себе, за своето детство во скопска Кисела Вода, а детално разговаравме за нејзината љубовна приказна со сопругот Александар Илиевски, со кого неодамна прослави 8 години брак, а заедно се веќе 20 години.

voditelkata-aleksandra-panovska-ilievska-za-ljubovta-so-soprugot-me-zaprosi-so-prsten-stutkan-vo-shamichinja-04.jpg

Александра често нагласува дека семејството ѝ е најголемата поддршка во животот, а за читателите на CRNOBELO.com таа откри како започнала и како се развивала нивната љубовна приказна.

Во продолжение следува целото интервју со Александра:

Кажи ни нешто повеќе за себе, нешто што јавноста не знае...

Родена сум во Скопје, во населба Кисела Вода каде детството пулсираше во вистинска смисла на зборот, а маалскиот живот беше баш како што некогаш го паметиме Скопје.

Липите и тополите изобилуваа во овој дел од градот, а денес се заменети со згради. Повеќе ни мирисот на маалото не е ист.

Основното училиште завршив во „Невена Георгиева-Дуња“, кое беше во моето маало и училишниот двор беше главно место за игра.

Во истото училиште и одделение завршив со Емра Куртишова, денес наша популарна актерка.

Се дружевме маалски и таа секогаш ги сакаше животните и денес не е променета љубовта, а тие беа наши пријатели во секоја игра.

voditelkata-aleksandra-panovska-ilievska-za-ljubovta-so-soprugot-me-zaprosi-so-prsten-stutkan-vo-shamichinja-05.jpgАлександра и Емра заедно во исто одделение

Основно, средно завршив со сите петки и со огромен ентузијазам продолжив на Филозофски факултет каде завршив со висок просек 9,4.

Додека студирав бев на пракса во Агенцијата за вработување во одделот правна служба каде се соочив со реалноста - за вработување е потребна боја, а не знаење, па така одлучив да го надградувам знаењето и да работам во приватен сектор.

Не ни сонував ниту, пак, посакував да го работам ова што го работам денес. На покана на моја пријателка која работеше во маркетинг агенција, станав дел од проект „На иста адреса“.

ZABAVISTE_NEVENA_GEORGIEVA_DUNJA.jpgАлександра и Емра заедно во исто одделение

По овој проект бев поканета да сум дел од „Брза Кујна“ на Сител ТВ и сè магично започна во оваа насока.

Да не го заборавиме радиото кое ми е најголема љубов. Се пријавив на оглас за радио водители организиран од МИМ и City радио.

voditelkata-aleksandra-panovska-ilievska-za-ljubovta-so-soprugot-me-zaprosi-so-prsten-stutkan-vo-shamichinja-07.jpg

Не ни очекував дека љубовта кон македонскиот јазик, правилниот говор и дикција ќе е вистинскиот филтер кој беше препознаен од нивниот тим, за да ми ја дадат можноста да сум дел од радиска приказна долго време.

Менторирана и со добра насока, имав одлична радиска приказна која за жал ја прекинав бидејќи имав премногу работни обврски во тој период.

Но, радиската емисија „Едноставно викенд“ која долго време опстојуваше останува како една приказна која може повторно ќе ја отвориме…

voditelkata-aleksandra-panovska-ilievska-za-ljubovta-so-soprugot-me-zaprosi-so-prsten-stutkan-vo-shamichinja-06_copy.jpg

Со сопругот сте заедно веќе 20 години… Кажи ни како се запознавте.

Како и сите љубовни приказни, нашата започна преку пријатели – Радица и Наташа. Во Центар на Скопје започна нашата љубовна приказна која ја негуваме и трае долги години.

Љубовта треба да се негува за да трае, постојат огромни предизвици секој ден, но, доколку е вистинската, треба да се борите да создавате и заедно да градите сè што посакувате секој ден.

voditelkata-aleksandra-panovska-ilievska-za-ljubovta-so-soprugot-me-zaprosi-so-prsten-stutkan-vo-shamichinja-08_copy.jpg

Беше ли тоа љубов на прв поглед или требаше повеќе време за да се развие љубов? Со што те освои?

Љубов на прв поглед.

Ме освои со неговата едноставност и искреност. Тој ми е главен критичар и огромен реалист кој е секогаш крај мене.

Тука да ја каже реалноста доколку нешто не е во ред, да даде насока или критика за сè што досега работам.

voditelkata-aleksandra-panovska-ilievska-za-ljubovta-so-soprugot-me-zaprosi-so-prsten-stutkan-vo-shamichinja-09.jpg

Раскажи ни нешто повеќе за запросувањето… Каде се случи? Ти подготви ли сопругот изненадување или заедно се договоривте дека сакате да започнете ново поглавје во животот?

Запросувањето се случи во Барселона, не ни сонував дека ќе успее да ме изненади како што ме изненади.

На плажата Барселонета, завиткан во хартиени шамичиња, за да не го откријам, извади прстен и клекна на колена…

Што ми раскажа и како ме запроси не ни паметам, започнав да плачам од радост, а потоа лебдев низ Барселона.

Најубавото и најромантично патување, уште неколкупати ја посетивме Барселона која секогаш ќе биде нашиот град, град на крунисување на нашата љубов.

voditelkata-aleksandra-panovska-ilievska-za-ljubovta-so-soprugot-me-zaprosi-so-prsten-stutkan-vo-shamichinja-10_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg