Марија од Охрид изработува декорации со полимерна глина: „Најчесто добивам нарачки за детски родендени, шолјите ми се омилени“

Од каде црпиш инспирација?

Инспирација најмногу наоѓам, како што кажав претходно, согласно периодот од годината.

На пример, првите шолји што ги направив и ги продадов беа со есенски мотиви кои сè уште ми се едни од најомилените.

marija-od-ohrid-izrabotuva-dekoracii-so-polimerna-glina-najchesto-dobivam-narachki-za-detski-rodendeni-sholjite-mi-se-omileni-09.jpg 

Колку време треба да се изработи една шолја, чинија... Како изгледа целиот процес и какви материјали користиш?

Изработката на една декорација, секако зависи и од комплексноста на самата идеја, трае од неколку минути до неколку часа.

marija-od-ohrid-izrabotuva-dekoracii-so-polimerna-glina-najchesto-dobivam-narachki-za-detski-rodendeni-sholjite-mi-se-omileni-8.jpg

Се работи со полимерна глина (Fimo). Откако ќе се измоделира одредената фигура, се печи во рерна, за потоа да се залепи на одредена сакана површина, се лакира и на крај - сушење, кој е најдолгиот процес и трае неколку часа.

marija-od-ohrid-izrabotuva-dekoracii-so-polimerna-glina-najchesto-dobivam-narachki-za-detski-rodendeni-sholjite-mi-se-omileni-06.jpg

Кој дизајн ти бил најголем предизвик? А, кој ти е омилен?

Немам некој дизајн што ми бил тежок за изведување.

Може да се каже дека самата изработка на ваков тип на минијатурни декорации е сепак предизвик, не секој може и има трпение за моделирање на минијатури.

Јас сум голем љубител на шолји за кафе, емотивно се врзувам, поготово кога таа е една таква, само моја, и плус со убава декорација.

marija-od-ohrid-izrabotuva-dekoracii-so-polimerna-glina-najchesto-dobivam-narachki-za-detski-rodendeni-sholjite-mi-se-omileni-11.jpg

Најомилени шолји ми се дефинитивно шолјите со тикви, го нагласуваат тој удобен и пријатен момент на есен каде што може да уживаш дома во мирисот на кафе или топло чајче.

7. Има ли интерес кај нас за рачни изработки? Може ли да се преживее од ваков бизнис?

Интерес има дефинитивно, засега овие рачни изработки и изработки по нарачка се достапни на Инстаграм и Фејсбук.

Се надевам дека во иднина ќе бидат достапни во свое студио каде што сите заинтересирани ќе може да видат и купат.

Повеќе фотки од изработките на Марија во продолжение: 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Софија Спирова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg