Марија од Охрид изработува декорации со полимерна глина: „Најчесто добивам нарачки за детски родендени, шолјите ми се омилени“

„Првото нешто што го направив беше бележник за книги, па потоа продолжив со декорација на шолји, чинии, брошови, обетки и слично“, открива Марија Дичова Наумоска од Охрид за нејзините мали ремек-дела.

marija-od-ohrid-izrabotuva-dekoracii-so-polimerna-glina-najchesto-dobivam-narachki-za-detski-rodendeni-sholjite-mi-se-omileni-01.jpg

Марија Дичова Наумоска од Охрид е дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Неколку години работела со дигитална илустрација и 2Д анимација, а сега изработува релјефни декорации со полимерна глина.

Вели, желбата да создава нешто со раце и да моделира, ја инспирирала да се фокусира на изработки кои се мали уметнички дела, но се и практични.

Талентираната Марија, користејќи полимерна глина, изработува декорации за шолји, чинии, брошови…

marija-od-ohrid-izrabotuva-dekoracii-so-polimerna-glina-najchesto-dobivam-narachki-za-detski-rodendeni-sholjite-mi-se-omileni-02.jpg

За процесот на работа и инспирацијата, но и интересот на јавноста за вакви изработки, Марија открива повеќе во разговор со CRNOBELO:

Од каде идејата за изработките?

Идејата ја имав подолго време, мојата ќерка веќе беше 1 година, а јас без работни ангажмани после породување, и во самиот период се покажа дека е време да ја реализирам мојата желба.

Со полимерна глина се запознав додека бев на факултет, имавме обиди за правење накит со другари, ама некако идејата брзо згасна.

marija-od-ohrid-izrabotuva-dekoracii-so-polimerna-glina-najchesto-dobivam-narachki-za-detski-rodendeni-sholjite-mi-se-omileni-10.jpg

Со оглед на тоа дека сум вајар, имав силна желба да работам нешто во таа насока, нешто што се создава со раце, моделирање, а да може да се искористи во секојдневниот живот.

Првото нешто што го направив беше бележник за книги, па потоа продолжив со декорација на шолји, чинии, брошови, обетки и слично.

marija-od-ohrid-izrabotuva-dekoracii-so-polimerna-glina-najchesto-dobivam-narachki-za-detski-rodendeni-sholjite-mi-se-omileni-03.jpg

Дали сама ги изработуваш дизајните, со свои идеи, или по желба на купувачите? Што најчесто бараат луѓето?

Идеите некако сами си доаѓаат, некои согласно со периодот од годината, некои лично мои, а изработувам и по нарачка.

Најчесто нарачките се за детски родендени со омилен карактер од цртаните, омилен херој и слично.

marija-od-ohrid-izrabotuva-dekoracii-so-polimerna-glina-najchesto-dobivam-narachki-za-detski-rodendeni-sholjite-mi-se-omileni-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg