Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела
Карен и Роман: Се запознаа на брод, ќе се венчаат во Венецуела
Крајот на 2023-та беше резервиран за свадбата на 35-годишниот Роман Итурбе од Венецуела и 27-годишната Карен Зунига од Мексико. Свадбата се одржа на родниот остров на Роман, Isla Margarita, каде живеат заедно од минатиот октомври.
Тие се заедно веќе четири години, а се запознале на бродот MSC Preziosa каде Роман работел како фотограф, а Карен пејачка во театарот. Тој раскажува дека собрал храброст и на едно караоке ја поканил да пеат заедно, иако тој не е по пеењето.
На прашањето дали е тешко да се биде во интернационална врска, Роман за CRNOBELO.com вели дека не е тешко, кога се заедно на брод или на копно.
„Тешкотии се појавуваат кога поради работата мораме да поминуваме долги периоди далеку еден од друг. Кога тоа се случува, комуникацијата е најважна.
Ние, исто така, имаме среќа бидејќи зборуваме ист јазик и нашите култури се слични, така што почнавме да се разбираме и се запознавме навистина брзо“ – вели Роман кој потенцира дека е најтешко бродската компанија да ги качи на ист брод, бидејќи сепак работат на различни позиции.
„Секогаш еден од нас мора да се качи на брод прв, и потоа да почнеме да прашуваме, буквално да ја молиме и проколнуваме главната канцеларија да го прати другиот на истиот брод. Тој процес е многу фрустрирачки и ја црпи сета наша енергија“ – појаснува тој.
Според идниот младоженец, тајната на успехот на врските почнати на брод е одлична и искрена комуникација и да не се дозволи проблемите да пораснат до степен да не можат да се решат.
„Сакаме да изградиме дом на плац на мојот остров и да уживаме во животот далеку од бродовите“ – одговара тој за нивните планови во иднина.
А, за сите оние врски кои сè уште се помеѓу копно и море, Роман вели дека е најважно постојано да зборуваат на социјални мрежи, да се искрени и истрајни, исто како и нив, бидејќи е тешко кога си далеку од саканата личност.
Келнерка од Бразил и обезбедување од Јужна Африка
Вирџинија од Бразил не помислила дека едно кафе ќе биде пресудно за нејзиниот живот, и својот дом и семејство ќе ги гради во Јужна Африка.
35-годишната Вирџинија дос Анжос својот роден Бразил го замени со Јужна Африка, каде живее со нејзиниот сопруг Крег и нивниот едногодишен син.
Таа и Крег се запознале во 2019 година, додека таа работела како келнерка на брод, а тој бил дел од тимот за обезбедување. Едно кафе било доволно за таа го освои.
Иако на почетокот биле само пријатели, веќе следната година тие започнале врска, и тоа за време на пандемијата, но нивната љубов била посилна од километрите меѓу нив.
„Врските на брод се вистинска авантура бидејќи, за жал, тешко е да се најде некој на кого можеш да му веруваш комплетно.
Но, уште од почетокот ние двајца имавме сериозен разговор, пред сè за насоката на нашата врска и нашиот живот, нашите цели и планови за иднината, и тоа многу ни помогна, и секако, верба во Господ“ – раскажува таа за предизвиците да се биде во врска со личност од другата страна на светот која почнала среде море.
Таа вели дека лесно и брзо се адаптирала на животот во Јужна Африка, со голема поддршка од нејзиниот сопруг. Сигурно, нему би му било многу потешко да се навикне на животот во Бразил, а тоа поради јазикот. Тие се во брак веќе три години и имаат син.
„Имам моменти кога сакам да побегнам, да си дојдам во Бразил и буквално да си ги наполнам батериите“ – вели младата мајка.
Во поглед на различните култури и воспитувањето на нивниот син, таа појаснува дека воопшто и не се чувствува нивната разлика во култури, бидејќи за сè имаат отворен разговор и заедно ги носат сите одлуки, посебно за воспитувањето на синот.
Овие четири искрени приказни се сведоштво дека вистинска љубов постои и дека со заеднички напор истата ќе продолжи да расте и цвета.
Тешко е да се биде далеку од саканата личност еден ден, а замислете со месеци и во различни временски зони, едниот на работа на брод, а другиот дома. Но, заедно, тие сепак успеваат, и покрај сите предизвици.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело / фото: Приватна архива