Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“

„Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е како постар брат и пред секоја моја музичка одлука се консултирам со него. Да не беше Иван, 'Зајди, зајди' немаше да звучи така на сцената - дојде во Белград со неговата сопруга и ми местеше тон по тон за да излезе баш како што излезе“, вели пејачката Барбара Поповиќ.

barbara-popovikj-za-crnobelo-imam-italijanski-koreni-kje-peam-na-san-remo-01.jpg

Македонската пејачка Барбара Поповиќ (23) изминативе неколку недели е главна тема на разговор во јавноста, но и во музичките кругови. Откако почна да се натпреварува во регионалното шоу IDJ Show и да собира комплименти и за пеењето и за изгледот, таа стана миленичка на публиката, која е воодушевена по секој нејзин настап.

Барбара ја поддржуваат и колегите музичари, кои споделуваат видеа од секој нејзин настап, а тука е и композиторот и продуцент Дарко Димитров кој е член на жирито во шоуто, но и човек со кого таа соработува од својата 7-ма година, кога настапила со негова песничка на еден од детските фестивали.

Од нивната прва средба поминаа 16 години, но Дарко и денес ја користи секоја прилика да нагласи дека Барбара е македонска гордост.

barbara-popovikj-za-crnobelo-imam-italijanski-koreni-kje-peam-na-san-remo-03.jpg

Барбара во разговор за CRNOBELO.com зборува за нејзините италијански корени, средбата со легендарниот голман Џиџи Буфон, зошто за Иван Јованов од „Либеро бенд“ вели дека ѝ е како брат, но и за музиката и шоуто кое ѝ донесе популарност во целиот регион.

Секоја недела го воодушевуваш жирито во IDJ Show, но по изведбата на „Зајди зајди“, го расплака дури и Дарко Димитров. Слушајќи го коментарот на Дарко, и ти не издржа, па се расплака на сцената... Кои негови зборови те допреа најмногу?

Искрено, по секој мој настап сум сè погорда и погорда на самата себеси.

Најcреќна сум што имам прилика да се претставувам себе, но и својата држава на шоу како што е IDJ, бидејќи е една огромна отскочна штица за мојата кариера и влез во тотално различни води.

Дарко Димитров е човек со кого соработувам од својата седма година и човек на којшто му должам многу во животот, човек кого го почитувам најмногу и го сакам бескрајно.

Секој музичар да добие таква реакција каква што добив јас од него по „Зајди, зајди“, мислам дека ќе изреагира онака како што изреагирав јас.

Му благодарам за cекој збор и минута посветена на мене.

barbara-popovikj-za-crnobelo-imam-italijanski-koreni-kje-peam-na-san-remo-16.jpg

Имаш огромна поддршка од колегите музичари од Македонија, кои споделуваат видеа на Инстаграм по секој твој настап и не штедат комплименти... Колку ти значи ова?

Ми значи многу. Пред сè, јас сум навистина горда што сум Македонка, горда сум што доаѓам од земја каде што има таленти какви што нема на Балканот.

Да имавме тука можности и сцена каква што овозможува Србија, јас никогаш немаше да одам таму.

Но, има време, јас се надевам дека еден ден ќе испливаме таму каде што заслужуваме.

barbara-popovikj-za-crnobelo-imam-italijanski-koreni-kje-peam-na-san-remo-15.jpg

Дали си блиска со некои од македонските музичари? Се дружите ли приватно?

Да, приватно сум блиска со неколкумина, но најблиска сум со Иван Јованов од „Либеро бенд“.

Иван ми е како постар брат и пред секоја моја одлука поврзана со музиката се консултирам со него.

Да не беше Иван, „Зајди, зајди“ немаше да звучи така како што звучеше на сцената.

Тој дојде во Белград со неговата сопруга и ми местеше тон по тон за да излезе баш како што излезе.

Го сакам многу и сум многу среќна што имам човек како него во мојот живот.

barbara-popovikj-za-crnobelo-imam-italijanski-koreni-kje-peam-na-san-remo-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg