Бобан Илиоски, светски шампион во кикбокс за CRNOBELO: „Жртвував многу за да стигнам до титулата“
Често објавуваш видеа на Инстаграм Стори со твојот миленик... Која раса е кучето, тешко ли е да се чува?
Имам едно куче од расата доберман, се вика Пако.
Со него се опуштам по напорните тренинзи, а понекогаш кондициските тренинзи на Водно и кеј ги правиме заедно.
Имаш ли хоби, некоја тајна љубов за која знаат само најблиските?
Кикбоксот ми е на прво место.
Но, исто така сакам да се дружам со другарите, да поминувам време во природа.
Сакам снег, ладно време и скијање.
Сестра ти Андријана е една од најуспешните македонски модели во светот во моментов. Колку сте блиски? Ти фали ли, имајќи предвид дека одамна е во Азија?
Горд сум на неа, среќен и благодарен на Господ што имам таква сестра.
Таа ми е најголема поддршка.
Подолго време живее во Кина и Италија, но тоа е жртвата во нејзината професија - да биде одделена од фамилијата.
Но, јас сум тука да ја поддржам без глед на сè.
Тоа е работа што ја сака уште од мала, тоа ја прави среќна.
И затоа нема препрека во нашите глави - работиме напорно и уживаме во процесот.
Кој е следниот предизвик по светската титула? Ова сигурно не е крај на твоите желби и соништа...
Следен предизвик е борба за професионален Вако светски појас, кој на мое огромно задоволство ќе се одржи во Скопје.
Тоа ќе биде спектакал каков досега немало во нашата држава.
Очекуваме голем број присутни, а ние ќе ја покажеме убавината на кикбоксот и воедно ќе почнеме нова ера во овој спорт.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело