Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“

Ретко се појавувате со сопругата заедно во јавноста. Како се носи таа со твојата работа и популарноста?

Сега за сега одлично.

Таа е многу добра мајка, сопруга и буквално тоа што ни е приватност сакаме да си го зачуваме за нас, бидејќи тоа нема врска со музиката и со тоа што јас го работам.

lambe-alabakovski-vo-bigorski-si-go-naogjam-mirot-zhalam-shto-ne-snimiv-duet-so-marija-sherifovikj-05.jpg

А животот во САД? Ти беше баш таинствен во тој период и повлечен од музиката...

За мене Америка е многу убава земја и убаво искуство, како да завршив уште еден факултет во животот.

Ја видов страната на секојдневниот човек и како е да се биде никој и ништо во свет кој е суров капитализам и каде има многу можности.

Многу размислував и се испитував за моето враќање во Македонија. Мислам дека човек треба да реши што сака во животот, тоа е најбитно. Дали сака пари, удобен живот… А, тоа го има и тука и во Америка.

Но, ако сакаш нешто посвето, посуштинско, врати се од таму од кај што си.

Магдалена во 2000 година со семејството се преселила во САД и таа секое лето доаѓаше во Македонија. Не пропушташе лето, а да не си дојде тука.

И таа си ја сака родната земја и затоа едноставно одлучивме да се вратиме. Мислам дека ѝ е убаво, задоволна е. Нормално, ѝ фалат некои работи кои таму ги има, а тука не, но надополнуваме за сè.

lambe-alabakovski-vo-bigorski-si-go-naogjam-mirot-zhalam-shto-ne-snimiv-duet-so-marija-sherifovikj-05_1.jpg

Знаат ли твоите синови колку е популарен татко им кај нас? Како реагираат на тоа?

Мислам дека полека сфаќаат. Поголемиот син, Димитриј, кога ќе ме види на сцена ми приоѓа и ми го зема микрофонот.

Тој беше и на концертот во Битола, што го имавме со караванот.

Гледаше дека нешто се случува околу мене и дека татко му не е обичен татко, на некој начин. Добро, обичен е, ама таква му е професијата.

lambe-alabakovski-vo-bigorski-si-go-naogjam-mirot-zhalam-shto-ne-snimiv-duet-so-marija-sherifovikj-08.jpg

Често одиш во родното Љубојно… Го наоѓаш ли таму мирот? 

Искрено да. Таму ги полнам батериите многу побрзо отколку на друго место.

Често одам и во Бигорскиот манастир кај моите пријатели, каде што наоѓам некоја друга енергија која ми недостига во градот или во Љубојно.

Тоа ми се двете омилени места. И да не зборувам за црни теми, ама кога ќе дојде време, не знам каде би сакал да почивам во мир, но најверојатно на едно од овие две места.

lambe-alabakovski-vo-bigorski-si-go-naogjam-mirot-zhalam-shto-ne-snimiv-duet-so-marija-sherifovikj-11.jpg

Дали жалиш за нешто во кариерата? Имаш ли неисполнети желби?

Единствено жалам што не бев толку зрел кога ги имав сите адути во раце, во смисла да го сфатам тоа посериозно, да ѝ се предадам на секоја песна. Иако сум го правел тоа 100% од ќеф и од љубов, а не од намера да бидам славен.

Жалам што сум пропуштил можеби некои соработки, дуети. Се сеќавам, Марија Шерифовиќ, уште пред да стане толку популарна како сега, доаѓаше да снима во студио кај Дарко Димитров и готова беше песна за дует.

Седевме заедно на плоштад Македонија во Скопје се договаравме, но ете, тоа не се случи.

За тоа жалам. Но, како викаат, сè што е мое ќе си дојде.

lambe-alabakovski-vo-bigorski-si-go-naogjam-mirot-zhalam-shto-ne-snimiv-duet-so-marija-sherifovikj-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

A. J. | Црнобело / фото: Инстаграм, продукција „Скендеровски“, Диоген Хаџи-Коста Милевски



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg