Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“

Иако од пред некое време се врати на сцената, твојот настап со Врчак на почетокот на октомври 2023 крена голема прашина. Немаше некој што не зборуваше за вашиот дует, а и ти напиша дека „човекот се враќа“… Тешко ли беше да го убедиш да стане и среде свадба да запеете заедно?

Тој ден ми беше неверојатен, мора да ви раскажам што се случи.

Утрото бев прво на погреб кај таткото на другарот на кој сум му кум.

Попладнето бев во Кавадарци со музичкиот караван, а оттаму заминав директно во Охрид, на свадбата на Дејан Геровски, мој долгогодишен пријател, со кој навистина многу се почитуваме.

На свадбата бев поканет заедно со сопругата, но таа остана дома, бидејќи сметаше дека по погреб не треба да оди на свадба.

Но, животот е живот – свадба, погреб, дружба, сè е дел од животот. Ништо не е невообичаено.

На моја радост, на свадбата беше дојден и човекот кого многу го почитувам, го сакам, со кого сме соработувале, Раде Врчаковски.

lambe-alabakovski-vo-bigorski-si-go-naogjam-mirot-zhalam-shto-ne-snimiv-duet-so-marija-sherifovikj-18.jpg

Беше и Лозано, а пееше и Петар Грашо, кој исто така беше поканет како гостин. И нормално е кога има такви гости сите да очекуваат дека ќе се запее.

Тоа беше мала свадба, но гостите почнаа да бараат и Врчак да испее нешто. Искрено не знам како се случи тоа Раде да стане. Мислам дека тука помогна другар му Стефан, но и младоженецот.

Тој се качи на сцената, гостите го снимија тоа и видеото стана вирално.

Не сум го видел Раде 10 години, иако имавме комуникација за некои негови проекти, но остана на тоа.

Се надевам дека ќе направиме некоја соработка, сакаме да снимиме нов дует. Се слушнавме следниот ден по свадбата и тој се сети на песна од Дарко Димитров од времето која остана во некоја фиока, а која требаше да ја сработиме за еден негов албум, но никогаш не ја снимивме. Се надевам дека наскоро ќе ја сработиме до крај.

lambe-alabakovski-vo-bigorski-si-go-naogjam-mirot-zhalam-shto-ne-snimiv-duet-so-marija-sherifovikj-10.jpg

Изминатиот период настапуваше во градовите низ Македонија со музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме“. Како реагираше публиката на тебе? Ти беше ли „страв“ што ќе се случува во јавноста, по инцидентот со бугарскиот клуб во Битола?

Ние сме сите позитивно изненадени од реакциите, особено што сè тргна од една обична идеја да направиме нешто интересно и да ја раздвижиме сцената. 

Не е лесно да собереш 12 пејачи. Откога почнавме, се пријавуваа и други кои сакаа да бидат дел од проектот, па се надевам дека ова ќе прерасне во традиција и проект кој ќе продолжи да живее со нови песни и пејачи во иднина.

Инаку, имаше многу добра реакција од публиката, иако, нормално, имаше и лоши коментари, тоа е неизбежно.

А, дали ми беше страв од реакциите и јавноста? Да бидам искрен, јас имам закани и денес, ама, фала му на Бога, имам сила и се носам со тоа.

Заканите досега се вербални, а многу од оние што ми се закануваа ќе одат на суд. Не можам да опишам како се носам, но многу е тешко. Имам голема поддршка од семејството, пред сè, но и од колеги, истомисленици, па навистина не ми е страв.

lambe-alabakovski-vo-bigorski-si-go-naogjam-mirot-zhalam-shto-ne-snimiv-duet-so-marija-sherifovikj-02.jpg

Како реагираше сопругата кога првично дозна за инцидентот?

Сите беа шокирани. Буквално шокирани. Никој не знаеше за тоа освен јас.

Мора да признаам дека сите беа многу коректни, дури и 12-те инспектори кои ми дојдоа дома на врата. Како Пабло Ескобар да го апсат.

Но, нејсе, и тоа помина. Беше голем стрес за татко ми, брат ми, за сопругата, за сите.

lambe-alabakovski-vo-bigorski-si-go-naogjam-mirot-zhalam-shto-ne-snimiv-duet-so-marija-sherifovikj-06.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg