Џеј Ар Шелтон од САД е оженет со охриѓанката Нина: „Сакам нашиот син да порасне во Македонија“
Дали имавте традиционална македонска свадба?
Немавме традиционална свадба, но црковната церемонија се одржа во црквата Свети Јован Канео во Охрид. На свадбата присуствуваа најблиските роднини и пријатели.
По церемонијата имавме мал прием во локален ресторан за семејството и еден од моите пријатели од САД беше тука.
Планираме да направиме голема прослава следната година и да ги поканиме сите мои пријатели од САД и оттука.
Која македонска свадбена традиција ти беше омилена? Зошто?
Како што реков, немавме, традиционална македонска свадба, но црковната церемонија беше уникатно искуство.
Носењето на свеќите заедно со местењето на круните и платното што свештеникот го врза околу нашите раце е нешто што секогаш ќе го помнам.
Што е најдобро кога си во врска со Македонка?
Мислам дека најдоброто нешто кај Нина е тоа што има високи морални вредности. Има свои вредности и се држи до нив. Има огромна почит за себеси и истото го очекува од мене.
Добиваш огромна вредност како личност кога покрај себе имаш за сопруга цврста жена, вредна за почит и тоа се вредностите што најмногу ги ценам.
Дали си се обидел да научиш македонски јазик и кој ти е омилениот македонски специјалитет?
Неколку месеци земав онлајн часови по македонски јазик и успеав да ги научам буквите и некои зборови и фрази.
За жал морав да паузирам со часовите заради мојот интензивен распоред на работното место.
Македонскиот е многу тежок јазик и сè уште учам така што се трудам да се вклучувам во разговори со пријателите на Нина и семејството.
Некои од моите омилени македонски специјалитети се бурек со месо, секако (но, не пијам јогурт), полнети пиперки и селско месо.
Морам да признаам и се надевам дека нема да ми се налутите, но не ми се допаѓа ајварот, вкусот не е нешто што е уникатно за мене.
Дали планирате да останете да живеете во Македонија?
Да, планираме да останеме во Македонија. Овој месец треба да ни се роди синот и сакаме тој да порасне овде. Не сум сигурен што ни носи иднината, но сакам да имаме повеќе опции.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело