Сања живее во Јапонија 3 години: „Ми беше чудно што паровите се секогаш исто облечени, ми недостигаат пиперките од Македонија“

Квалитетна ли е водата од чешма? Пластичен ли е зеленчукот/овошјето? Ги наоѓаш ли работите што ги консумираш во Македонија? Имаат ли навика да готват?

Генерално да, водата од чешма е безбедна да се пие. Ние дома консумираме само вода од чешма и никогаш не сме имале никакви проблеми, има луѓе што купуваат вода во шише од продавница, но поголемиот дел од луѓето пијат вода од чешма.

Зеленчукот и овошјето се многу вкусни, во регионот кај што живееме има доста луѓе кои продаваат на пазарите и зеленчукот и овошјето го одгледуваат сами и тие се доста квалитетни.

Но, бидејќи сепак сме на азискиот континент овде немаме сè, што можеме да купиме во Македонија на пазарите.

На пример немаме пиперки (слатки или лути) како што имаме во Македонија.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-29.jpg

Да, Јапонците готват дома, повеќето фамилии кои се со мали деца. Но, многу голем број од нив јадат во локалните јапонски ресторани.

Колку се трпеливи Јапонците кога станува збор за сообраќајот?

Хмм… мислам дека од претходното интервју досега мислењето ми се смени доста на оваа тема, бидејќи оттогаш досега сме биле во многу повеќе префектури со автомобил.

Како и да е, сепак сè уште за во нашиот град мислењето ми се нема многу сменето.

Луѓето овде се многу потрпеливи доколку треба да чекаат пешак да помине, или светлото на семафорот е зелено, а автомобилот пред нив не е тргнат.

Но, кога отидовме во Токио со автомобил, луѓето таму се многу поразлични во однесување отколку тука во Хиого, таму не се толку трпеливи како овде, доста од нив знаат да подвикнат, особено кога ќе видат дека си странец.

Но сепак не може да се спореди со сообраќајот во Македонија, особено Скопје – мислам дека возачите во Скопје се многу нетрпеливи.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-28.jpg

Која е тајната на опседнатоста со аниме?

Бидејќи јас и мојот сопруг не следиме аниме, прашав една пријателка која е Јапонка да ми објасни подетално.

Според неа, уште од мали нозе децата читаат аниме книги, во книжарниците тетратките и стикерите се почесто со аниме карактери, постерите во возовите се исто со аниме, дури и на некои бонбони и чоколатца имаат испринтано слики со аниме.

И тука можам да се согласам со неа, бидејќи мојата ќерка скоро порасна овде, кога одиме во продавница таа најчесто бира чоколатца или налепници со аниме сликички.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-17.jpg

Но, исто така, доста голем број од сцените во аниме филмовите се базирани на секојдневниот живот што типичен Јапонец го живее, па може и затоа се опседнати со аниме.

Друга причина за опседнатоста мислам дека е тоа што во Јапонија се мора да е kawaii – слатко. Па, затоа и Аниме карактерите и сите тие илустрации изгледаат доста слатко и привлечно за публиката.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-38.jpg

Каде одат Јапонците на одмор?

Голем број од Јапонците одат на одмор низ Јапонија, зимскиот период се најчесто во Нагано или Хоккаидо каде што има доста СКИ центри, а летниот период се најчесто околу Окинава.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-05.jpg

Но, многу од нив патуваат и надвор од Јапонија.

Од тоа што имам слушано од луѓето кои живеат околу нас, доколку ја посетуваат Америка тие одат доста често во Хаваи. Таму има и доста Јапонци кои живеат веќе долго време.

Но, Јапонците ја обожаваат и Европа, особено Франција. Често одат во Франција на одмор. Мислам дека многу од нив и имаат мала опсесија со Франција, фасцинирани се од францускиот јазик и француската култура, во местото каде што живееме скоро сите пекарници носат француско име и вработените носат баретки, зградите, бутиците, салоните за убавина сè се со француски имиња.

Многу Јапонци исто така одат и во Австралија на одмор.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-34.jpg

Каква мода практикуваат Јапонките?

Ух … ова многу зависи во кој дел од Јапонија живееш. Во префектурата кај што живееме ние (Хиого) Јапонките и Јапонците носат многу сива, црна, бела облека и скоро сè што носат изгледа минималистично.

Но, во Осака мислам дека се малку поексцентрични во изгледот, носат доста кратки здолништа и oversized палта/јакни.

Во Кјото локалните луѓе се облекуваат доста пош – некој микс помеѓу модерно и класично.

Имам слушнато дека во Токио носат многу повеќе облека во боја, но искрено имам отидено само на ден/два таму, па не можам во детали да кажам за тој дел.

Најчудно на почетокот ми беше тоа што паровите скоро секогаш (момче и девојка) се облекуваат во исто, на пример иста боја маици, исти фармерки, исти патики и се со исти капи на главите. Тоа на нив им е многу нормално, сега и на нас бидејќи веќе сме навикнати на тоа.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-25.jpg

Зошто Јапонците се светлосни години пред нас?

Хмм … може за некои работи сè, но не за сите.

Би рекла дека голема причина за тоа зашто се светлосни години пред нас е поради различниот начин на образование. Манирите играат голема улога тука, посветеноста на школувањето и дисциплината во работата се многу голема причина според мене.

Баш пред неколку недели се вративме од одмор во Европа, и иако сум порасната таму, а во Јапонија сум само 3 години, бев шокирана колку е валкано насекаде, колку луѓето се недисциплинирани во јавност, колку се децата различни во однесување, за разлика од децата во Јапонија.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-12.jpg

Пробувам да го одговорам прашањево за да не навредам некој, но навистина мислам дека образованието игра голема улога овде.

Но да не заборавиме, колку и да се светлосни години пред нас има и доста работи кои јас мислам дека треба да се сменат овде.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-41.jpg

Имаат начин на работа кој бил воспоставен пред 80 години, но ако сè уште тој начин на работа е ок за нив, тие нема да пробаат да го сменат, иако сега е 21-ви век и начинот на живеење е сменет.

Не се многу отворени кон промени освен ако тоа не е роботика. Тоа малку ми пречи овде.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-36.jpg

Повеќе фотографии од Сања на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Анџело Павловски за патувањето во Јапонија: „Младите обожаваат караоке, дневна карта за метро во Ток... „Секој Јапонец, без разлика на тоа од каде сте и како изгледате, се однесува со ...
Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој... „Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав ките...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg