Анџело Павловски за патувањето во Јапонија: „Младите обожаваат караоке, дневна карта за метро во Токио чини само 4 евра“

„Секој Јапонец, без разлика на тоа од каде сте и како изгледате, се однесува со голема почит и учтивост, Токио е град во кој постојано има метеж. Но, луѓето не покажуваат знаци на нервоза и секој е спремен да ти помогне во кој било момент“, раскажува Анџело Павловски за неговото патување во Јапонија.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 1

Анџело Павловски од Скопје е млад човек со голема желба да има што повеќе печати од различни земји во својот пасош, а истовремено преку лично искуство да засведочи нови култури и традиции.

За CRNOBELO.com, Анџело ги раскажува своите доживувања од оваа волшебна земја, каде минатото и иднината танцуваат во вечна хармонија:

Анџело, неодамна се врати од Јапонија – една од светските дестинации што многумина сакаат да ја посетат. Кои беа клучните интереси што те мотивираа да отпатуваш во Јапонија?

Искрено, уште од мал имав голема желба да го посетам Кјото. Главно ме има заинтересирано од филмови и документарци целата природа, архитектура, култура и историја која ја има градот и најискрено ги надмина сите очекувања.

Дополнително, како поминуваше време, мојот интерес се насочи и кон други места како Токио, Нара, Каназава и искрено главна цел ми беше да ги видам сите чуда кои ги нуди оваа држава со свои очи.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 18

Кои аспекти од јапонската култура и традиција сакаше лично да ги доживееш?

Штом стасав таму, не знаев што попрво би сакал да искусам. Искрено сакав да пробам рамен пред сè ха-ха-ха, но од аспект на култура и традиција, сакав да учествувам на церемонија со чај, да посетам кафуле во кое има доста специфични животни и како голем обожавател на спортот, сакав и имав шанса да искусам каква е атмосферата на фудбалски натпревар во Првата јапонска лига.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 6

Како ти поминаа деновите во Токио? Што сè успеа да посетиш?

Во Токио бевме вкупно 7 дена и имавме можност да ги посетиме скоро сите главни знаменитости. Првично ги посетивме храмовите Senso-Ji и Meiji, едни од најстарите и најавтентичните храмови во Токио.

Го поминавме познатиот Shibuya Crossing и имавме можност да видиме дел од Токио низ маглата од 45-тиот кат на владата и, секако, да се изгубиме низ светлиот и турбулентен ноќен живот во Акихабара.

Дополнително би ја издвоил и еднодневната екскурзија до Кавагучико, мал град во близина на Токио кој се наоѓа на едно од петте езера кои ја заобиколуваат Фуџи.

Дефинитивно е место кое има неопислива природна убавина и на добар ден, уште поубав поглед на Фуџи - би ја препорачал на кој било патник како тура од Токио.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 16

Можеш ли барем малку да ни ја доближиш атмосферата во Токио? Како ти го доживеа овој футуристички град?

Турбулентна. Токио е град во кој сè се движи премногу брзо, постојано има метеж, дали од туристи или од луѓе кои одат накај работа, и никогаш не го прекинува тоа темпо.

Меѓутоа, колку што е сè брзо, толку е и сè смирено, никој од луѓето не искажуваат знаци на нервоза или тензија без разлика на ситуацијата, секој е спремен да ти помогне во кој било момент. Се чувствува огромен комфор на некој начин движејќи се низ толку голем град и се добива многу голема сигурност, само поради дисциплината и културата на самите жители на градот.

Така што би ја искористил фразата „The calm before the storm“ само би ја сменил малце „The calm in the storm“ - насекаде сè се движи пребрзо, но смиреноста на сите ја оформува целата атмосфера.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 3

Што ќе ни раскажеш за транспортниот систем во Токио?

За место коешто моментално ја држи титулата за најголем град во светот, има доста едноставен и развиен транспортен систем. Се темели на огромен број на метроа и возови, кои најчесто во својата рута имаат барем една станица за која кој било турист има слушнато и се направени на начин на којшто и без никаква навигација би можел човек да се снајде за да стигне од еден до друг крај на градот.

Дефинитивно најкорисно средство за снаоѓање низ градот е Google Maps, кое дава многу детален опис на тоа кој воз/метро/автобус треба да се користи од едно место до друго, кој влез/излез да се следи, кои вагони се попразни или најсоодветни за најбрз влез и излез, како и кои опции се најевтини и најефикасни за да се дојде до целта.

Лично би препорачал да се користи дневна метро карта низ градот, бидејќи метрото за транспорт во Токио е на секому најдобар пријател и воедно може да се стигне до која било битна туристичка дестинација за симболична цена од 4 евра.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 5

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg