Анџело Павловски за патувањето во Јапонија: „Младите обожаваат караоке, дневна карта за метро во Токио чини само 4 евра“

Ги истражуваше ли локалните населби? Проба ли да стапиш во контакт со локалците?

Да, имав повеќе можности во градовите каде што седевме подолго. Најинтересна интеракција имав со локалците во Осака.

Во близина на нашиот хотел имаше еден мала и пријатна кафетерија во којашто се чувствуваше топла атмосфера (Haiku Coffee). Во неа имаше двајца вработени, Јин и Ариа, и со нив двајца имавме доста интересен разговор општо за животот во Осака, некои дестинации кои би сакале некогаш да ги посетиме и баш водевме лабави другарски разговори додека пиевме од домашното кафе на Јин кое е дефинитивно најдоброто кафе кое сум го пробал, и тоа сметам дека не може да се замени со ништо.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 17

Присуствуваше ли на традиционална церемонија со чај?

За жал, немав можност да присуствувам на церемонија со чај, но имав можност да видам церемонија за правење мочи. Самиот процес во кој се прави смесата за слаткото е доста интересен.

Двајца пекари ја тепаат со дрвен чекан огромната смеса за мочи во доста голем сад. Овој процес се вика mochitsuki и се прави во традиционалните продавници за мочи со цел да се добие меката текстура на слаткото.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 10

Што сè вкуси од јапонската кујна?

Па над сите би го ставил секако раменот, кулинарски специјалитет кој ги надмина сите очекувања и оброк кој без проблем би го јадел секојдневно. Освен раменот, би ги издвоил Tonkotsu, што е поховано свинско месо сервирано со порција ориз и доста зачини, суши кое може да се најде на секој чекор и вкусот е подеднакво добар на која било локација и едно од најспецифичните јадења кои ги пробав е мочи, мал кружен десерт кој има текстура на локум полиен со цимет и е најчесто исполнет со фил од црвен грав, кој има сличен вкус на чоколадниот крем кој се користи во тестенините на Mini Pani.

Целата таа комбинација изненадувачки имаше многу интересен шмек и уште подобар вкус.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 11

А, каде го проба највкусниот рамен?

Ха-ха-ха, Кјото одма спроти дворецот на Yasaka Shrine од Gion Ramen. Локалот собираше едвај 4 до 5 души и начинот на кој газдата на локалот го спремаше даваше на знаење дека е супер квалитетен рамен.

Доста помрсна супа од другите рамени и дефинитивно многу поголем квалитет на месото, маринираното јајце и стилот на нудли.

Од услугата до вкусот и автентичноста на ресторанот, се беше 10/10 и дефинитивно би го препорачал на секој заинтересиран за добар рамен!

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 13

Како за крај, зошто секој од нас треба да има печат од Јапонија во својот пасош?

Искрено, Јапонија е најуникатната држава којашто сум ја посетил. Од неописливата природа која на момент изгледа како некој добро наштиман Инстаграм филтер, до бескрајната историја и традиција и, на крај, до неописливо брз и воедно дисциплиниран начин на живот во големите градови, земјата има да понуди по нешто за секој страстен патник.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 12

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 8

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 9

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg