Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој чекор“

„Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав китењето на градот на сонце и температура од 17 степени. Иако мислев дека божикните и новогодишните денови се пропратени со снег, овој пат ќе ги дочекам со сладолед и очила за сонцe“, вели Денис Давитковски од Куманово кој живее во Барселона.

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 1

Во интервју за CRNOBELO.com, Денис зборува за животот во Барселона:

Како за почеток ќе те прашам како изгледа еден твој обичен ден во Барселона?

Би рекол, необично! Прага ме навикна на некоја рутина. Се будиш, одиш на работа, пиеш некое кафе со друштво и право во кревет. Петок и сабота излегување.

Барселона е толку хаотична и раздвижена, тука не ги чекаш петок, сабота или недела за да се забавуваш. Секој ден нешто се случува. Луѓето се полни со енергија, па си велам дали времето навистина влијае на психата.

Моментално покрај уметничкиот живот и проектите, работам и во хостел и очајно барам баланс и рутина, ама тинејџерот во мене е толку разбуден што секој ден после работа мора излегување и дружење со новите пријатели.

Ајде, си повторувам се навикнувам на времето. Сум немал зима со 17 степени.

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 10

Кои се твоите омилени скриени местенца што туристите најчесто ги занемаруваат?

Ги има многу. Да бидам искрен, за туристичките работи и не сум нешто премногу запознаен. Навистина влегов во некој елемент, да го научам јазикот, акцентот, да се доближам поблиску до локалците и нивниот начин на живот, да запознавам нови луѓе…

По пристигнување во Барселона, прво цел месец ги истражував плажите. Барселона и трите наредни плажи се најпосетуваните каде што туристите, а исто така и локалците првично одат. Но, на само неколку минути подалеку пропуштаат навистина предобри плажи.

На пример – Бадалона е една од плажите кај што одев најмногу ова лето и се наоѓа на 30 минути од Барселона. Ќе го спомнам и малото гратче Ситгес каде што не можеш да се одвоиш од убавината на плажата.

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 11

Ако Барселона е лик, како би го опишал?

Нели од „Вавилон“. Не преувеличувам, Барселона е уникатен град за живеење и доколку го имате гледано филмот ќе сфатите за што зборувам.

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 6

Според тебе, кои песни најдобро би одговарале со духот на Барселона?

Секоја можна поп и латино музика, како и хитовите на радио. Како што пее Шакира: „Hips don’t lie“. Е па истото го мислам за Шпанците. Си ја имаат таа страст.

Јас себеси почнав да се нарекувам човек-камелеон, се будам со џез, слушам цел ден латино и навечер завршувам на некое техно журче. Ете така!

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 13

Имаше ли некое културно недоразбирање што си го доживеал во Барселона?

Речникот на Шпанците и топлината што ја носат. Секоја втора реченица им е некоја пофалба или убав збор за душа. Кај и да влезеш ќе бидеш поздравен со: здраво убавецу, здраво кралу, здраво љубов моја

Верувајте на шпански звучи поубаво! Ама ете, тоа го издвојувам како убава карактеристика. Како градот да се има договорено да дели радост на дневно ниво.

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 9

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg