Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој чекор“

Каде и на што ги носиш на јадење пријателите што доаѓаат да те посетат во Барселона?

На тапас и паеља! Морската храна отсекогаш ми била омилена, а тука има голем избор. Ќе го препорачам ресторанот „Güell Tapas“.

Иако во последно време се движам често во ресторанот „The Greenhouse“. Решив да водам малку здрав живот. Храната им е одлична, а се движат и супер луѓе!

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 12

Која е најнеобичната работа на што си налетал во градот?

Најнеобичните ми се кражбите. Ги гледаш на секој чекор. Едно нешто за кое не сакав да верувам, ама навистина се професионални во тоа. Ни сред бел ден не ги спречува. Така да ако слушнете дека треба да го држите телефонот цврсто во раце – држете го!

Скапа ли е Барселона за живот?

Да, скапа е! Едно нешто научив, а тоа е дека животот е игра на преживување. Твое е да се научиш како пополека да ја играш таа игра. Секаде можеш да живееш и преживееш ако сакаш.

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 5

Ако си туристички водич на неколку дена, на кои места би ги одвел патниците?

Како за прв ден секако е убаво да се видат Саграда Фамилија, Триумфалната капија, замокот Монжуик, паркот Гуел. Е веќе како за втор ден тогаш би се пеела друга песна.

Тогаш би оделе во некој стар бар на сангрија кај што се слуша традиционална шпанска музика. Трет ден на некој фламенко настап. Останатите денови си мамурен…

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 7

Од кои места најубаво се гледа зајдисонце во Барселона?

Од замокот Монжуик, како и покрај многуте плажи!

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 3

Кое е твоето омилено дело на Антони Гауди во градот?

Паркот Гуел, навистина е убав.

Колку често одиш на плажа?

Откако се доселив, на плажа одев секој ден сè до еден момент кога си реков дека треба да застанам малку. Па морето никаде не ми бега, тука е цело време. Но, како и да е често можете да ме најдете на плажа.

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 2

Со ова прашање може да го завршиме разговор. Каква е Барселона во овој период од годината?

Топла. Ми беше необично кога го гледав празничното китењето на градот и тоа на сонце и температура од 17 степени. Иако мислев дека божикните и новогодишните денови се пропратени со снег, ама овој пат ќе ги дочекам со сладолед и очила за сонце.

denis davitkovski za zivotot vo barselona vo barselona sekoj den nesto se slucuva kako gradot da se ima dogovoreno da deli radost na dnevno nivo 4

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg