Ева Богоевска, наша виолинистка: „Тајланд е рајот на земјата, но постапката за виза навистина ме измачи“
Какво е локалното население кон туристите?
Тајланѓаните беа исклучително гостопримливи кон сите туристи и се трудеа да им го направат одморот на сите незаборавен.
Исклучително вредни и трудољубиви луѓе, со многу големо срце.
Кое искуство од посетата ти остави најголем впечаток. Што е она што според тебе е незаборавно?
Можам да кажам дека дружбата и бањањето со едно од моите најомилени животни-слончињата, беше искуство од непроценливо значење за мене.
Исто така посетата на тигрите и секојдневните дружења со мајмунчињата ми оставија голем впечаток.
Какви се цените?
Цените беа приближно како кај нас и можам да кажам дека навистина беа пристапни за сите.
Кој специјалитет задолжително мора да се проба во Тајланд?
Најголем впечаток ми остави специјалитетот Пад Таи и ориз во ананас.
Микс од сите вкусови во едно, навистина фантастично и уникатно.
Прекрасни беа и тропските овошја, од кои се правеа исклучително добри шејкови и коктели.
Што треба да знаеме пред да отпатуваме во Тајланд?
Постапката за добивање виза е малку макотрпна со оглед на тоа што документацијата мора да биде испратена во Анкара, бидејќи сега само тие се надлежни за издавање тајландски визи на македонски државјани.
Условите за добивање виза исто така беа променети во однос на годините наназад, така што би рекла навремено информирање и покренување постапка за виза, а потоа уживањето е неизбежно.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело