Ана од Скопје за патувањата во Будимпешта: „Најдобар период за посета е септември, цените се симболично повисоки од Скопје“

Дали е лесно да се најде сместување?

Туристите најчесто одбираат да бидат сместени на левиот брег на реката Дунав, односно во делот на Пешта.

Централното подрачје тука нуди голем избор на сместување, како хотелско, така и апартманско, што всушност овозможува лесно да се најде сместување по прифатлива цена-секако доколку резервирате навремено.

Делот на Пешта е попрометен, каде се лоцирани едни од најдобрите ресторани, како и познатиот Fashion Street, панорамското тркало, зградата на Парламентот, базиликата Свети Стефан, термалните бањи и многу други атракции и знаменитости.

Делот на Буда пак, е познат по Цитадела и околните замоци кои можат да се истражат за краток период и кои се лесно достапни со користење на одлично организираниот транспортен систем.

ana-od-skopje-za-patuvanjata-vo-budimpeshta-najdobar-period-za-poseta-e-septemvri-cenite-se-simbolichno-povisoki-od-skopje-05.jpg

Дали имаш да споделиш некоја интересна случка од патувањето?

Познат како еден од најфотогеничните градови на континентот, бисерот на Дунав нуди различни активности кои вредат да се доживеат.

Како една од моите омилени би го издвоила крстарењето по реката Дунав кое дефинитивно претставува незаборавно искуство.

Одберете го вашиот омилен период од денот (денско или ноќно крстарење) и додадете ја оваа активност на вашата листа на работи што треба да ги правите во Будимпешта!

ana-od-skopje-za-patuvanjata-vo-budimpeshta-najdobar-period-za-poseta-e-septemvri-cenite-se-simbolichno-povisoki-od-skopje-07.jpg

Какви се цените? Некоја цена оттаму и постои ли разлика во цените во однос на летниот и зимскиот период?

Цените и трошоците во Будимпешта се релативно ниски, особено кога се споредуваат со другите европски главни градови.

Затоа, Будимпешта се смета за една од најевтините европски метрополи со цени симболично повисоки од нашиот главен град.

Може да имате добар оброк за околу 10 евра или убава романтична вечера во некој од рестораните на Fashion Street за 40 евра.

Немам забележано разлика во цените од летниот и зимскиот период.

ana-od-skopje-za-patuvanjata-vo-budimpeshta-najdobar-period-za-poseta-e-septemvri-cenite-se-simbolichno-povisoki-od-skopje-13.jpg

Кој специјалитет според тебе задолжително треба да го пробаме пред да си заминеме од Унгарија?

Разновидноста и специфичниот вкус на унгарската кујна навистина ќе ве изненадат. Ако ја посетувате Будимпешта или било кој друг град во Унгарија, морате да пробате барем еден од многуте унгарски специјалитети како што се: познатиот гулаш, прженото лепче (слично на мекица) познато под името Lángos-кое се сервира со рендано сирење или павлака над лепчето, супата од гулаш послужена во округол леб или познатите chimney cakes (познати под името Kurtos Kalacs) кои претставуваат едни од најстарите унгарски десерти.

ana-od-skopje-za-patuvanjata-vo-budimpeshta-najdobar-period-za-poseta-e-septemvri-cenite-se-simbolichno-povisoki-od-skopje-32.jpg

Што треба да знаеме пред да тргнеме кон Будимпешта?

На многу начини, Будимпешта е слична на другите големи европски градови.

Сепак, постојат некои работи кои се уникатни за оваа метропола како што се: нивната официјална валута е форинтот (1 денар=6,5 HUF), имаат одлично организиран транспортен систем кој е лесен за користење и кој одлично ги поврзува двете страни на градот, Будимпешта најубаво можете да ја истражите со пешачење, затоа имајте на себе пријатни обувки!

ana-od-skopje-za-patuvanjata-vo-budimpeshta-najdobar-period-za-poseta-e-septemvri-cenite-se-simbolichno-povisoki-od-skopje-41.jpg

Кои следни дестинации планираш да ги посетиш во 2023-та година?

Целокупен план за патување во новата година сè уште немам направено, но го имам испланирано моето следно патување кое ќе ви препуштам самите да го дознаете на мојот Instagram профил.

ana-od-skopje-za-patuvanjata-vo-budimpeshta-najdobar-period-za-poseta-e-septemvri-cenite-se-simbolichno-povisoki-od-skopje-08.jpg

Повеќе фотографии на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg