Ива од Битола: „Како подарок за годишнина од брак решив мојот сопруг да го однесам на патување на Санторини“
Исто така нешто што не ми се допадна е тоа што ги експлоатираат магарињата за туризам, сите им се дотерани, средени и спремни за да качуваат и симнуваат туристи по 600 макотрпни скали во Фира.
На истите тие скали и цела патека што стигнува до пристаништето има многу отпадоци. Ние слеговме по скалите, а за качување ја искористивме жичницата.
Како нешта што мора да ги доживеете и видите на Санторини би изводила повеќе...
Oia спектакалот на заоѓањето на сонцето, сините куполи, сите тие цркви кои се повеќе на број од куќи, Пиргос најубавото селце кое изобилува со цркви, бели пештерски куќички кои се по 10-тина квадрати, главниот град Фира погледот кон калдерата сите тие тесни лавиринтни улички и секако црната плажа, на којашто пливавме и водата беше неверојатно чиста.
Возење со жичницата и уживање во глетката над калдерата. Задолжителна посета на Имеровигли каде што и од таму имате неверојатен поглед кон залезот на сонцето.
Доколку сте љубител на вино, Санторини е местото за вас и викаат дека имаат повеќе вино од вода и најдобрите винарии се таму.