Димитар Амски за животот во Мексико: „Сите се лежерни и без стрес, а во Тулум се најдобрите забави“

Димитар Амски од Скопје себеси се доживува како личност која не сака да биде дел од системот. Стремежот кон спојот на работа, забава и патување го натерало да размислување надвор од кутијата и го споило со прекрасни луѓе со кои заеднички создава, а истовремено му го овозможил и овој номадски начин на живот.

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 14

Димитар смета дека луѓето се создадени да уживаат, а не да бидат робови на времето и на работата. Иако голем дел има отстрането од себе, тој сè уште исфрлува мисли, практики и работи кои немаат никаков удел во неговиот живот и непотребно му создаваат тешкотии во леснотијата на постоењето.

Тој секојдневно чита книги, спортува, се дружи и во моментот се наоѓа во Мексико во потрага по нови искуства и лични издигнувања.

Додека во Македонија температурите се под нулата, ти уживаш на брегот на Карипското Море. Како заврши во Мексико?

Овој проект го почнавме минатата година сосем случајно. Миконос ни даде шанса и нè научи како да создаваме, но тоа беше само во лето од мај до септември, и сфативме дека имаме премногу слободно време во текот на годината и би било прекрасно да почнеме да градиме уште еден убав проект на некое преубаво егзотично место.

Тулум е место каде голем број од нашите клиенти од Миконос доаѓаат да одморат и да се препуштат на целосно уживање во остатокот од годината. Ние сме тука да им ја олесниме и оствариме нивната замисла за перфектен одмор.

Чиста среќа што тој луксуз има цена која ја овозможува нашата независност.

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 7

Кога си далеку од дома сè е поразлично. Димитар, кажи ми како ти е организирано секојдневјето во Тулум?

Уф, тешко прашање.

Мојот утрински филтер е дефинитивно јогата. После добар сон, бидувањето нежен спрема себе и целосното препуштање во движењето на телото низ природните елементи ми овозможува да се спојам со мојот дух, да ја зголемам својата вибрација и да ги исфилтрира сите настани од претходниот ден.

После мојот појадок, спремен сум да ги исполнам дневните онлајн активности, и штом завршам, доколку немам потреба да сретнам некои од моите клиенти одам на некоја од прекрасните плажи во моја близина.

Иако работата не принудува да излегуваме со нашите клиенти по луксузни места и да се забавуваме до раните утрински часови, јас преферирам вечерата да ја поминам со моите пријатели и соработници во нашиот скромен дом во џунглата. Споделуваме нови информации во врска со работата, уживаме во звуците на природата и се спремаме за излегување во некои од клубовите.

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 12

Тулум на сите ни е познат како комбинација од многу егзотика, плажи како од разгледници и место со најдобрите забави и фестивали, но како ти го доживуваш Тулум?

Буквално така, ама во живо!

Ако ти дојдат пријатели од Скопје и треба да им организираш еднодневна тура низ Тулум и околината, како би изгледала таа?

Уф, има толку многу да се види што за еден ден тешко дека би успеале. Зависи што моите пријатели би сакале да видат.

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 1

Освен многуте забави на кои присуствуваше, се дружеше ли со подводниот свет на Карипското Море?

Секако дека да, има толку многу плажи полни со жив свет кои секако имаат водичи кои те носат баш на тие места каде што можеш да го видиш цел подводен свет.

На самото доаѓање тука веднаш бевме на една прекрасна плажа Акумал каде што имавме организирано нуркање и пливање со желки.

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 3

На што туристите најмногу трошат пари во Тулум?

Туристите со кои ние работиме трошат најмногу на луксуз, прекрасни вили, маси во луксузни ресторани, маси во клубови.

Која е најубавата плажа во Тулум?

Тулум има едно долго крајбрежје кое е поделено на хотелска зона и археолошка зона, во хотелската зона има повеќе луксузни ресторани, хотели и клубови и нормално лежалки кои се наплаќаат, додека во археолошката зона има фини ресторани и е free beach.

Омилената моја плажа е во археолошката зона и се вика Ikal, има утрински и пладневни јога вежби, темезкал церемонии, extatic dance, organic dj sets, свежо вегетеаријанско и пескетаријанско мени во барот итн.

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 4

Какви се мештаните? Сподели некоја интересна случка од таму

Првпат кога слетав во Мексико сфатив што значи споро. Како времето тука да оди поразлично. Сите се успорени, без стрес, уживаат во моментот, не брзаат никаде, немаат многу пари, а не им е ниту грижа.

Едноставно мораш да се успориш и да уживаш во моментот и ти. Мислам дека нема подобро место за да направиш ретроспектива и да сфатиш дека не вреди за ништо да се стресуваш и да чуваш лутина. Нема минато, нема иднина, само сега.

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 8

Што е она што секој мора да го искуси во Тулум, а и генерално во Мексико?

Сè е различно и прекрасно, од кокосот со лимон и зачини до прекрасните пештери со природни базени, идеалната клима, бавниот безгрижен живот.

Научи ли да го читаш мајанскиот календар и да ги применуваш нивните обичаи?:)

Научив само кој е мојот мајански месец на раѓање. Нивните ритуали имаат посебно место во мојот свет.

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 5

Секакви приказни кружат за Маите, која од нив најмногу ти ја разбуди имагинацијата?

Нивната спиритуалност, чиста душа, поврзаност со природата, ѕвездите и астрологијата.

Мексико е многу повеќе од …?

Мексико е мноооогу повеќе.

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 6

Во Тулум ќе бидеш до 30 јануари, што следува после тоа?

Одам на мала пауза и собир со мои драги пријатели на 2 седмици во Доминиканската Република. Да спознаам уште некоја земја додека сум во Латинска Америка.

Потоа, сме дел од еден прекрасен проект фестивал во Транкозо, Бахиа, Бразил кој ќе започне на 25 февруари и ќе трае 10 дена каде ќе бидат најпознатите имиња од клупската сцена.

Во лето се знае, Миконос е мојот втор дом.

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 9

dimitar amski vo meksiko site se usporeni bez strest i ziveat vo momentot a tulum e mesto so najdobrite zabavi i festivali 11

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg