Катерина Пипонска, стјуардеса во Саудиска Арабија: „Се случува да сум на работа 24 часа, но си ја обожавам професијата“
Држава која не би сакал да ја посетиш никогаш повеќе е…
Бангладеш затоа што пред сè не е безбедно и многу е нечисто.
Кои се топ 5 најубави градови во светот и зошто?
Од тоа што имам посетено се Париз – едноставно незаменлив, Ал-Ула ова е во Саудиска Арабија – рај за душа, Дубаи – многумина велат вештачки град, но мене многу ми се допадна, Џеда – градот кај што живеам и Џакарта во Индонезија.
Ако сме за одлична храна најдобро е да одиме во…
Индонезија.
Ако сакаме одлична архитектура најдобро е да одиме во…
Европските држави – нивната архитектура не би ја менувала за ништо на светот.
Ако сакаме луда забава најдобро е да одиме во…
Дефинитивно Дубаи.
На оние кои сакаат небото да им биде „канцеларија“, но немаат храброст, што би им порачала?
Додека не пробаат нема да знаат. Ниту јас не успеав од прв пат. Имав неколку неуспешни интервјуа, но на крајот се исплатеше сè.
Повеќе фотографии од патувањата на Катерина:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело