Катерина Пипонска, стјуардеса во Саудиска Арабија: „Се случува да сум на работа 24 часа, но си ја обожавам професијата“

Каков ти е односот со колешките? Имате ли контакт со пилотите? Се однесуваат ли надмено?

Со колешките односот ми е супер, јас сум доста комуникативна и дружељубива личност. Да, имаме контакт и со пилотите, некои летови ги имам поминато во кокпит, едноставно глетката од таму е неспоредлива.

katerina-piponska-stjuardesa-vo-saudsika-arabija-se-sluchuva-da-sum-na-rabota-24-chasa-no-si-ja-obozhavam-profesijata-18.jpeg

Кој ти е најтежок лет?

Индија и Пакистан затоа што патниците ни создаваат тешкотии со тоа што не зборуваат англиски, на секој поединечно мораме да му го покажеме седиштето, не умеат да го користат тоалетот правилно, прават хаос во авион со храната и ред други работи.

katerina-piponska-stjuardesa-vo-saudsika-arabija-se-sluchuva-da-sum-na-rabota-24-chasa-no-si-ja-obozhavam-profesijata-19.jpeg

Колку ти е најдолгиот лет?

До Џакарта, главниот град на Индонезија, и трае 10 часа.

katerina-piponska-stjuardesa-vo-saudsika-arabija-se-sluchuva-da-sum-na-rabota-24-chasa-no-si-ja-obozhavam-profesijata-02.jpeg

Како изгледа распоредот на една стјуардеса? Кои денови ти се одмор?

Секој месец имаме 6 споени слободни денови и плус нешто помеѓу.

katerina-piponska-stjuardesa-vo-saudsika-arabija-se-sluchuva-da-sum-na-rabota-24-chasa-no-si-ja-obozhavam-profesijata-15.jpeg

Како ги поднесуваш временските и температурните разлики?

На почетокот ми беше тешко да се навикнам бидејќи воздухот е многу влажен, но сега после 2 и пол години овде немам никаков проблем.

katerina-piponska-stjuardesa-vo-saudsika-arabija-se-sluchuva-da-sum-na-rabota-24-chasa-no-si-ja-obozhavam-profesijata-10.jpeg

Дали е тешко да се работи оваа професија?

Секако дека да. Оваа работа не се состои само од служење на храна. Се состои од поголема одговорност.

Прво и основно сигурноста на самите нас и патниците во авионот. Треба да се биде буден и винимателен на секој знак, звук, мирис доколку нешто покажува дека не е во ред со авионот, независно дали е ден или ноќ.

Во почетокот треба време додека да се адаптира телото и умот на различните временски зони. Да се научи стомакот дека повеќе не постои одредено време за појадок, ручек или вечера.

Со самите летови и самото време лета, се губи трага на деновите и датите. Менувајќи екстремно различна клима за многу кратко време го ослабнува понекогаш имунитетот.

katerina-piponska-stjuardesa-vo-saudsika-arabija-se-sluchuva-da-sum-na-rabota-24-chasa-no-si-ja-obozhavam-profesijata-16.jpeg

Држава во која со задоволство се враќаш одново и одново е…

Да бидам реална со компанијата немам посетено многу земји затоа што дојдов во лош период само 5 месеци пред да се појави короната.

katerina-piponska-stjuardesa-vo-saudsika-arabija-se-sluchuva-da-sum-na-rabota-24-chasa-no-si-ja-obozhavam-profesijata-04.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој... „Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав ките...
Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а ... „Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 ...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Кристијан Шемко: „Се вратив во Македонија да одморам од напорната работа како ѕидар во Сиднеј, но па... „Во текот низ годините, поради носталгија и емоции за родниот крај, моите родите...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg