Пар споделува камперско искуство од Козјак: „Печевме колбаси на стапчиња, уживавме во розовото небо“
Откако нахранивме душичка и заситивме стомаци на ред беше уживање со планинскиот врел чај во лончиња, лежење на хамок и впивање сончеви зраци. Мало задоволство кое ти го продолжува животот за 10 години – проверено и СО СИГУРНОСТ!
Од фотката се гледа убавината на овој момент, свежина и спокој течат низ боите на топлиот есенски ден. Со еден збор МИР.
Со оглед на тоа дека е ноември и вечерите се ладни, а сè уште не сме екстра подготвени со камперска опрема решивме денот да го завршиме со уживање под розовото зајдисонце со уште некоја чаша винце и поглед кон езерото кој изгледа совршено.
Дефинитивно на оваа приказна нема да ѝ ставиме тука крај. Ова е само мал, но сладок почеток на нашите авантури од овој тип.
Си ветивме и си останавме должни вечера во полноќни часови покрај огинче под шатор, слушање на звуците на пуцкањето на огнот и мирот и тишината на природата. Тоа е нашиот мотив и причина во наредна можност да спакуваме ранците и правец во нови походи.
Мислам дека имавме добар камперски старт, па се гледаме во следна пригода со повеќе камперски искуства и совети, а се разбира и уште подобри фотки и спомени, бидејќи „Sharing adventures means enjoying them 100% more“.
Фотки од други авантури на Ирина и Никола:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело