Од Матка до Охридското Езеро – семејство со кајак ја истражува Македонија
Кајакарењата по езерата се различно искуство, на посебен начин секое се доживува и има посебна убавина.
На Охридското езеро ќе ги издвојам посетата на Заливот на коските, црквата Свети Заум, Канео.
Мавровското Езеро знае да е со бранови бидејќи често е ветровито, а тоа го отежнува веслањето, додека Беровското Езеро беше предизвик, зошто беше тешко пристапно и треба да се помачиш да најдеш место од каде што можеш да го спуштиш кајакот во вода.
Кајакот би им го препорачал на сите кои сакаат да пробаат нешто ново, да се одвојат од турканицата на брегот, особено со ситуацијата со ковидот за дистанцирање.
Идеална терапија за душата во овие стресни времиња. Со нетрпение чекам ова лето да го испробам на море.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело