Сергеј Кљушин од Русија стигна во Македонија: „Импресиониран сум од Македонците како народ“

Роден во северна Русија, во малиот град Архангељск, Сергеј Кљушин (32), кој се чувствува како да има 18 години е уште еден млад човек кој за време на пандемијата собра храброст и одлучи да патува, да ги прошири сопствените граници кога цел свет ги затвора.

koga svetot gi zatvora granicite sergej kljushin resi da gi otvori sopstvenite od rusija preku turcija pa se do makedonija avantura za vreme na korona 11

На своите 16 години Сергеј се преселил во Санкт Петерсбург, сменил неколку работи, живеејќи едноставен живот. Викендите ги користел да оди во различни пабови, паркови, да се види со своите пријатели, но на крајот од денот урбаниот живот и работа како агент за недвижности не го исполнувала.

Еден ден, негов близок пријател го поканил да му се придружи на музички и јога фестивал во јужна Русија, некаде во Крим. Тој прифатил, радосен што за прв пат ќе го посети Црното Море.

koga svetot gi zatvora granicite sergej kljushin resi da gi otvori sopstvenite od rusija preku turcija pa se do makedonija avantura za vreme na korona 9

„Бев сместен на точно 27 чекори од морето, во друштво со многу хипици, номади, уметници и уште стотина други личности кои живеат на посебен начин. Од тогаш, започнав нов живот. Ја разбудив во себе желбата повторно да почнам со цртањето, патував со автостоп, а со текот на годините ја поминав Русија од југ до север“, раскажува тој.

Пред шест месеци на Сергеј му излегол пасошот за да може да патува во странство, без скршена пара заминал да го подигне и после тоа стопирал до југ на Русија. Кампувал покрај морето, се дружел со пријателите, истовремено собирајќи пари за авионска карта до Анталија. Кога слетал таму имал само 3 евра, цигари, лични работи и шатор, без вреќа за спиење.

koga svetot gi zatvora granicite sergej kljushin resi da gi otvori sopstvenite od rusija preku turcija pa se do makedonija avantura za vreme na korona 3

„Ако можев да патувам без пари и телефон во Русија, тоа можам да го сторам и во Турција“, си рекол себеси, но единствен проблем му претставувало јазикот. Неговиот англиски бил прилично лош, а луѓето од Турција слабо го разбирале.

Меѓутоа на аеродромот запознал девојка од Украина, која практикувала јога и медитација. По 10 минути ја собрале нејзините пријатели, а тој им се придружил и заедно со нив останал неколку недели во Анталија, а во Турција повеќе од два месеци. Дури и за време на пандемијата посетил два фестивали.

koga svetot gi zatvora granicite sergej kljushin resi da gi otvori sopstvenite od rusija preku turcija pa se do makedonija avantura za vreme na korona 1

Сергеј вели дека луѓето во Турција се многу гостопримливи, разбирале дека тој е патник и му помагале, му давале храна, му обезбедувале место за спиење, а понекогаш го потпомагале и со пари. Поради тоа што е од Русија, тој во Турција имал право да остане само два месеци. Било невозможно да извади виза, единствен начин било со авион да отпатува на друго место. И така, без никакво предзнаење за државата, заминал за Босна и Херцеговина.

Од таму, неговото патување продолжило во Србија, па завршило во Македонија. Пред тоа немал патувано во странство, така што затворените граници му го отежнале патешествието.

koga svetot gi zatvora granicite sergej kljushin resi da gi otvori sopstvenite od rusija preku turcija pa se do makedonija avantura za vreme na korona 6

„Не можев многу да стопирам, да наоѓам бесплатно сместување преку каучсурфинг, затоа што луѓето се плашат да примат странец во својот дом поради коронавирусот…“, се присетува Сергеј.

Сергеј со неговите последни пари во Белград купил автобуска карта за Скопје, но се разбудил во Струга. Се исплашил кога сфатил дека го преспал целиот пат и стигнат на погрешно место, но штом се прошетал наоколу ги заборавил сите проблеми.

Наишол на луѓе кои пријателски биле расположени, но кога се смрачило сфатил дека нема каде да преспие. Пробал во џамиите, но кога не му успеало тоа, тропнал на врати од една „гостинска куќа“, на сопственикот му ја објаснил ситуацијата, кој му дозволил да остане две вечери бесплатно. Собата му била на поткровје со прекрасен поглед кон езерото. Стопирал и до Охрид, но Струга му оставила поголем впечаток.

„Во Скопје сум повеќе од две недели. Целиот центар на Скопје го имам прошетано, потоа бев до Матка… Каде и да одам најмногу внимание обрнувам на луѓето и природата. Искрено, импресионирам сум од жителите тука. Сите не беа толку отворени, но не можам да се пожалам.

Времето е сончево и уживам во секој ден од мојот престој“, споделува Сергеј и додава дека за време на неговиот престој во Санкт Петерсбург било невозможно да го види хоризонтот од толку многу згради, а уште помалку планини кои се гледаат од центарот на градот.

koga svetot gi zatvora granicite sergej kljushin resi da gi otvori sopstvenite od rusija preku turcija pa se do makedonija avantura za vreme na korona 4

За сега Сергеј нема никакви планови за иднината. Поради коронавирусот светот е заглавен, па тој се препушта на моментот да му го покаже вистинскиот пат. Во Скопје запознал многу странци, кои му кажале дека во Македонија е многу поопуштено за разлика од другите европски држави.

Уште некое време планира да остане тука, а потоа ќе види каде ќе го одведе патот.

koga svetot gi zatvora granicite sergej kljushin resi da gi otvori sopstvenite od rusija preku turcija pa se do makedonija avantura za vreme na korona 2

koga svetot gi zatvora granicite sergej kljushin resi da gi otvori sopstvenite od rusija preku turcija pa se do makedonija avantura za vreme na korona 2

koga svetot gi zatvora granicite sergej kljushin resi da gi otvori sopstvenite od rusija preku turcija pa se do makedonija avantura za vreme na korona 2

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg