Катерина Спирковска за животот во странство: „Моето момче ги премина Алпите на мотор на -12ᵒС и дојде кај мене во Австрија“

Нејзиниот дечко, Килијан од Германија, престојувал во Милано, а кога се појавиле првите случаи на корона вирус таму, тој се качил на мотоцикл, ги преминал Алпите на -12 степени, престојувал кај неа во Австрија сè додека хотелот не се затворил, и потоа со ранец тежок 30kg тргнале до Дизелдорф, а моментално живеат во Венеција - животот на Катерина Спирковска (26) од Велес е едно интересно патешествие со престојување на подолг период во различни држави. 

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 17

Кејти, како што сака да ја нарекуваат, сѐ уште студира англиска книжевност, превод и толкување, а моментално работи како фриленсер; SEO, дигитален маркетинг и менаџирање на профили на социјални мрежи.

Најголемо хоби ѝ е фотографија, а се надева дека еден ден тоа ќе ѝ биде и примарна професија. Сака и да игра видеоигри, како и да гледа ТВ серии, најчесто научна фантастика.

Ако може да одбере постојано живеалиште, тоа би било Лондон. Од неодамна, заедно со своето момче Килијан од Германија се преселиле во Венеција, а нивниот живот се претвори во уште поголема и забавна авантура. На својот Инстаграм профил @hazel.kate редовно ги споделува фотографии од нејзините доживувања.

„Во Венеција се преселив во октомври 2020. Минатата година моето момче Килијан почна мастер студии во Милано, па благодарение на тоа доби пракса во Венеција. Поради пандемијата бевме свесни дека нема да може често да патуваме за да се посетуваме, па одлучивме дека е најдобро да живееме заедно. Никогаш не би ни помислила дека ќе живеам во Венеција, иако е привремено“, споделува Кејти.

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 7

Вели дека доселувањето во Венеција на еден начин ѝ ја спасило 2020-та година. Кејти постојано се селела поради корона вирусот, од Германија во Австрија, од Австрија повторно во Германија, потоа назад во Македонија, за на крај да заврши во Италија.

Периодот поминат тука ѝ е исполнет со многу патувања, учење и многу работа. Додава дека Италија е прекрасна земја, а особено регионот Венето. Таму го имаат Јадранското море, на еден час се оддалечени од Доломитите, од Верона и Словенија. За неа тоа претставува прекрасен склоп.

„Кога првпат ја посетив Венеција во 2013-та година бев воодушевена, меѓутоа беше невозможно да се направи добра фотографија поради големиот број на туристи. Едноставно секое ќоше беше пренатрупано со луѓе. Сега е сосема поинаку.

Кога почна полицискиот час во Италија, Венеција беше како напуштен град. Улиците беа толку празни, што дури подот конечно можеш да го видиш. Толку е тивко и празно, да не беше зимата со сиво небо, ќе беше уште посовршено за прошетки и добри фотографии. Едвај чекам да се стопли барем малку, за да можам да ја фотографирам Венеција на изгрејсонце, и да ги посетам островчињата Мурано и Бурано“, открива Кејти.

Од местата што досега ги има посетено на островот Венеција, најмногу ѝ се допаѓаат базиликата Свети Марко и мостот Ponte dei Sospiri (Мостот на глетките).

За жал во моментов сите музеи и туристички места се затворени, но вели дека почнало да се шушка дека во текот на февруари повторно ќе се отворат. Уште поголем впечаток ѝ оставило зајдисонцето на плажата на Лидо ди Јесоло.

Можеби единствено нешто што не ѝ се допаѓа околу животот во Италија е хаотичниот сообраќај и тешкотијата да се дојде до добра работа ако не зборуваш италијански. Таму е веќе четири месеци, а видела повеќе лесни сообраќајни незгоди од кога било во животот.

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 1

„Со Килијан се трудиме максимално да го искористиме слободното време на викендите за мали мото-авантури. Штом видиме зрак сонце, веднаш на мотор. Јануари малку ни го скрши авантуристичкиот дух што постојано беше сончево преку недела, а за викенд врнеше дожд и заладуваше, па се надеваме од сега па натаму на малку подобри временски услови.

Интересно е што кога тргнуваш на пат минуваш низ прекрасни градови, до брегот на морето, па преку лагуната, па низ полјанки и додека да трепнеш пред тебе се планините. Досега успеавме да ги посетиме врвот на Монте Грапа, Костурницата Пасубио и езерото Решен на италијанско-австриската граница.

Наредни дестинации на списокот ни се езерата Комо и Гарда, гратчињата на Чинкве Тере, Милано, Фиренца и Рим. Во моментов не е дозволено во Италија да се патува од еден регион во друг, па можеме да го истражуваме само Венето. Исто така подготвуваме еден мал проект со Килијан, што ќе вклучува многу повеќе фотографии и видеа од нашите мото-авантури“, открива Кејти.

Едно од понеобичните патувања што нема да ги заборави се случило на почетокот на пандемијата. Килијан само што започнал со студиите во Милано, а таа се преселила во Лермос, Австрија каде што почнала да работи во еден хотел.

Кога ги слушнале првите вести дека токму во Милано се појавиле првите случаи на корона вирус, тој ги преминал Алпите на моторот на -12 степени, престојувал кај неа сè додека хотелот не се затворил, и потоа со ранец тежок 30kg тргнале од Лермос до Дизелдорф.

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 15

Од Лермос тргнале во 12 часот попладне, а во Дизелдорф стигнале околу 9 навечер. Иако било сончево, околу 12 степени, на Кејти ѝ било ужасно неудобно да седи на задната страна на ендуро и да се држи себеси и ранецот од 30 килограми додека се наоѓала на автопат, на брзина од околу 120 km на час.

По пристигнувањето ѝ биле потребни два-три дена за да се соземе. Ако може да бира, повторно би го направила истото, меѓутоа би преферирала да седи сама на сопствен мотоцикл.

„Во Македонија се вратив на три-четири месеци, кратко откако започна пандемијата. Планот ми беше да поминам малку време со семејството и со пријателите пред повторно да се иселам.

Целата 2020 ми беше многу непредвидлива, не знаев што ќе дојде следно. Каде ќе оди момчето на пракса не се знаеше до последен момент, потоа не знаев дали да останам во Македонија, за на крај да одлучиме да живееме заедно и да го избегнеме целиот стрес на патување, тестирање, контроли на гранични премини и слично.

Многу сум благодарна што можам да работам и да студирам истовремено од дома, па така времето поминато во Венеција ми е многу исполнето“, раскажува таа.

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 3

Иако досега поминала само 4 месеци во Италија, од разговорот со неа можам да кажам дека ѝ недостига животот во Германија и повторно би се вратила да живее таму.

Самата култура на однесување на луѓето, на почитување на сообраќајните правила, на рециклирање и принципиелниот начин на работа се едни од многуте особини на Германија која ја смета за совршена земја.

Како и секој што се отселува од Македонија, така и таа очекува да наиде на подобар живот. За неа тоа подразбира подобри опции за работа, надградување и напредување. И покрај тоа што ѝ е многу драга Македонија, реалноста е дека недостасуваат подобри услови за живеење.

„Со фотографија се занимавам веќе 6-7 години. На почетокот ми беше само хоби, но со тек на време почнав да се надоградувам со онлајн курсеви и со консултирање со професионални фотографи.

Животна желба ми е фотографијата да ми премине во професија. Преку неа сакам да ги пренесам убавините на местата што ги посетувам и да го доловам чувството на хиге (hygge) во мојот дом“, споделува Кејти и додава дека најдраго ѝ е фотографирањето на природа, посебни и удобни моменти од секојдневието, како храната, предметите по дома и миленичињата.

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 2

Имала прилика и неколкупати да работи на фотографирање на продукти за маркетиншки цели. Кога станува збор за фотографирање на храната, веќе сите пријатели и роднини научиле дека кога ќе зготви нешто мора да го поднамести да изгледа убаво и да го фотографира пред да почнат сите да јадат.

Понекогаш добива и по некој поглед во стилот „Ајде побрзај, ќе се излади“. Опсесија ѝ е сè што ќе фотографира да изгледа естетски убаво, а предизвик ѝ е да совлада фотографирање на портрети.

„Во моментов планови има многу, а шанси за реализација помалку. Пандемијата на груб начин ме научи дека треба да планирам само од денес за утре, но сепак се трудам максимално продуктивно да си го исполнам времето и да се надоградувам себеси.

Најголем приоритет ми е оваа година да завршам со уредување на мојата веб-страна и да најдам живеалиште кое нема да мора да го напуштам за 5-6 месеци“, споделува Кејти и планира со Килијан на пролет да направат една балканска тура со мотор и да посветат две-три недели на убавините на Македонија.

Тој досега немал прилика да ја посети Македонија, па ќе ѝ биде повеќе од драго да се стави во улога на водич и тоа да резултира со една незаборавна мото-авантура. По враќањето од Македонија, останува да видат која ќе биде следна држава што ќе ја посетат.

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 14

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 14

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 14

kejti-spirkovska-za-zhivotot-vo-stranstvo-moeto-momche-gi-premina-alpite-na-motor-na-12-s-i-dojde-kaj-mene-vo-avstrija--.jpg

kejti-spirkovska-za-zhivotot-vo-stranstvo-moeto-momche-gi-premina-alpite-na-motor-na-12-s-i-dojde-kaj-mene-vo-avstrija-9-.jpg

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 14kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 14

kejti spirkovska za zivotot vo venecija sega e tivko i prazno a sekoj vikend so moemto momece kilijan odime na moto avanturi 12

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој... „Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав ките...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg