Оливера Стори Јованова живее во бајковито холандско село: „Во Холандија паровите се венчаат кога децата ќе им пораснат“

olivera-stori-jovanova-zhivee-vo-bajkovito-holandsko-selo-vo-holandija-parovite-se-venchaat-koga-decata-kje-im-porasnat-04.jpg

Каде сакаат Холанѓаните најмногу да одат на одмор?

Сакаат да патуваат многу. Јас сум по потекло Еврејка и мислев дека Евреите се веројатно луѓе кои најмногу сакаат да патуваат, но сум била грешка, Холанѓаните се каде, каде поголеми патници од која било друга нација која јас ја познавам.

Сакаат авантура, одат на сафари во Африка, на суши во Јапонија, на Божиќ во Њујорк, на јога во Индија, на патувања со комбиња и што уште не. Мислам што да кажам прават работи за кои не сум ни сонувала дека некој ги прави.

olivera-stori-jovanova-zhivee-vo-bajkovito-holandsko-selo-vo-holandija-tradicija-e-da-se-venchavaat-koga-decata-kje-im-porasnat-03.jpg

Како се забавуваат во слободно време?

Различно од нас секако, но се забавуваат, сакаат фестивали и музика. Не е ни чудо што овде се одржуваат повеќе од 400 фестивали годишно. На истите можеш да сретнеш бебе од една година и старец од 97.

Сакаат да јадат убава храна во убави ресторани. Сакаат шопинг, музеи, сакаат да гледаат мјузикли онака како на Бродвеј.

olivera-stori-jovanova-zhivee-vo-bajkovito-holandsko-selo-vo-holandija-tradicija-e-da-se-venchavaat-koga-decata-kje-im-porasnat-08.jpg

Кога ќе им кажеш дека си од Македонија, која е нивната реакција, знаат ли за нашата држава?

Немаат поим. Оние кои биле на одмор знаат. На постарите морам да им појаснам дека е тоа поранешна југословенска земја. Инаку најчесто не знаат.

olivera-stori-jovanova-zhivee-vo-bajkovito-holandsko-selo-vo-holandija-tradicija-e-da-se-venchavaat-koga-decata-kje-im-porasnat-18.jpg

Што ти недостига најмногу од Македонија?

Мајка ми, татко ми и сестра ми. Баба ми, дедо ми и тетка ми. Толку.

olivera-stori-jovanova-zhivee-vo-bajkovito-holandsko-selo-vo-holandija-tradicija-e-da-se-venchavaat-koga-decata-kje-im-porasnat-15.jpg

Што би сакала од Холандија да почне да се практикува во Македонија?

Па, би било убаво кога просечниот Македонец би можел да размислува малку пошироко, како еден Холанѓанец, а не да започне со реченицата „НЕ, ЈАС ЗНАМ ПОДОБРО, НЕ Е ВАКА, ТАКА Е“.

olivera-stori-jovanova-zhivee-vo-bajkovito-holandsko-selo-vo-holandija-parovite-se-venchaat-koga-decata-kje-im-porasnat-05.jpg

Повеќе фотографии од Оливера:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело / Фото: Ирена Мила и Елена Фиданска + приватна архива



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg