Лепосава Т. Анѓеловски живее во Франција: „Балканките се поубави од Французинките, но како народ се совршено организирани“

Што би донела од Франција во Македонија?

Љубезноста, ако можам. Смиреноста и трпението.

Какви пријатели се Французите?

Најдобри на свет. Лојални, почитуваат и секогаш се тука за тебе ама во вистинска смисла на зборот.

Дали навистина живеат во многу мали станови?

Зависи. Јас досега не сум посетила пријател кој живее во мал стан, ама знам дека 70/80% од населението живее под кирија затоа што често се селат.

Што ти е најомилено во оваа земја?

Тоа што сакам да го донесам во Македонија. Љубезноста, трпението и смиреноста. Сè е полека и без брзање. Редот и редоследот. Насмевката на луѓето.

leposava-t-angjelovski-zhivee-vo-francija-balkankite-se-poubavi-od-francuzinkite-no-kako-narod-se-sovrsheno-organizirani-07.jpg

Што те нервира најмногу во оваа земја?

Високите сметки.

Дали можеш да замислиш да дочекаш пензија таму?

До скоро не можев и не сакав, ама сега можам слободно да кажам – да.

Несигурноста и озборувањето во Македонија, се нешта кои веќе не се дел од моето секојдневие и не можам повторно да го живеам тоа.

Лепосава ни откри дека во Белфор новогодишното украсување веќе започнало:

leposava-t-angjelovski-zhivee-vo-francija-balkankite-se-poubavi-od-francuzinkite-no-kako-narod-se-sovrsheno-organizirani-11.jpg

leposava-t-angjelovski-zhivee-vo-francija-balkankite-se-poubavi-od-francuzinkite-no-kako-narod-se-sovrsheno-organizirani-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој... „Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав ките...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Тиана од Скопје: „Со сопругот Швеѓанец се запознавме на одмор на Родос и сега Шведска ми е дом“ „Се запознав со Патрик пред речиси 15 години на островот Родос во Грција. Обично...
Ана од Скопје живее на Малдиви: „Цените за локалците се различни, некаде е забрането да носите бикин... „Посетив 7 острови, од кои 2 беа луксузни хотели за туристи и 5 локални острови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg