„Животот е авантура!“ - Мила, нашата стјуардеса која го живее својот сон!
- Детали
- среда, 15 февруари 2017
Таа е Мила, прекрасно македонско девојче кое го живее својот сон.
Работи како стјуардеса речиси 4 години и ја има привилегијата да посети градови и места низ светот кои се сон на секој од нас.
Нејзините фотки успешно ни го одземаат здивот на социјалните мрежи, па посакавме да дознаеме нешто повеќе за Мила и нејзиниот начин на живот.
1. Мила, каде си во моментов и како ќе ти помине денот?
Мометално го пакувам куферот за мојот 54-ти Лондон!? Имам карти за концертот на Дрејк за Св. Валентин во О2 Арена и не може да биде подобро! (Сигурни сме дека вчера си помина одлично според фотките кои ни ги испрати, интервјуто е правено ден претходно :-)
2. Колку време работиш како стјуардеса?
Скоро 4 години и не би ги променила за ништо на светов.
3. Како изгледа еден твој работен ден?
Wake up call, get up! Туш, шминка, фризура и униформа :-) Брифинг за летот и право во авион. Секој ден е возбудлив и различен, тоа е убавината на оваа работа. Секој ден е нова дестинација со нов кабински тим и патници. Мојот живот е како сцена, секој ден нова изведба. And off we go!
4. Кои се трите најубави моменти кои ти се случиле во текот на овие години?
Ух, има многу!
Hang gliding во Рио е една од најубавите и највозбудливите работи што ги имам направено.
Другарка ми Даниела која ја запознав тука и не би ја заменила за ништо на светот.
И светов наш прекрасен - сите 84 градови што сум ги посетила до сега!
5. Како експерт за откривање нови дестинации, кои се топ 5 градови кои мора да ги посетиме и зошто?
1. Њујорк бидејќи е поубав од тоа што замислував.
2. Кејптаун затоа што секогаш одново ми го одзема здивот.
3. Сингапур, затоа што е Европа среде Азија.
4. Рио де Жанеиро, затоа што е град со душа и живее за музика, жени и фудбал.
5. Мексико - заради најубавите плажи во светот.
6. Денес на +30 степени Целзиусови на Сејшелите, утре на -5 во Лондон, задутре во Банкок на 25°C – како се справуваш со овие промени секојденвно?
Со насмевка! Верувајте, не сакате да го знаете одговорот на ова прашање :-)
7. Што е „must have“ во твојот куфер кога патуваш?
Пасош, body scrub и мал црн фустан, секогаш.
8. Мила, кое е најубавото место на светот?
Сингапур и Кејптаун, дефинитивно!
9. Најдобри журки има...?
Мајами, Банкок, Лос Анџелес, Виетнам, Њујорк и секако, Ибица.
10. Не би пропуштила.....?
Ниту една земја на светов да ја посетам!
11. Кои се твоите останати „must see“ дестинации?
Ми недостасуваат сега за сега на листата, а се надевам ќе ги посетам во скоро време: Хаваи, Бора Бора, Сан Франциско, Вегас, Колумбија, сакам да ја видам Аурора Бореалис во Исланд и уште некое светско чудо.
12. Најубава храна има во...?
Кај што најмалку очекуваш... Во Мексико храната е вкусна како нашата. Италија без конкуренција. Ако сакате зачинета – рајот е во Банкок.
Најубавото овошје во Африка и најдобро вино во Јужна Африка.
13. Каде е Мила за 5 години од сега?
Среќна каде и да е.
14. Колку дена можеш да издржиш во едно место?
Од 24 часа до бескрај!
15. Совет и препорака за сите оние кои сакаат да патуваат, како и за оние кои не се баш во можност често да побегнат некаде?
Не заборавај да го живееш животот најдобро што можеш, не утре, сега денес!
Секогаш велам: Life is nothing but a great adventure! Make the best of it!
Е. П. | Црнобело