Вера Радески за преселбата во Чикаго: „Првата година е хаотична, ве мачи носталгијата, се колебате да се вратите“

Каква е климата? Страшни ли се зимите?

Климата е слична како кај нас, и тука има четири годишни времиња, со таа разлика што подолгото траење на зимите го скратуваат траењето на останатите три.

Зимите се тмурни и ледени, сонце речиси и да не гледаме цели 4 месеци.

Исто така, се карактеристични и постојаните и силни ветрови поради местоположбата, а вистинска закана за елементарна непогода се торнадата.

За мене најубаво годишно време во Чикаго е есента, температурата е идеална, така што ако некој планира да го посети Чикаго би препорачала тоа да биде во периодот од крај на август до средина на ноември.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-19.jpeg

Што од начинот на живот најмногу ти се допаѓа таму, а што најмалку?

Од начинот на живеење најмногу ми се допаѓа редот и организацијата на општеството во целост и беспрекорното функционирање на истото.

Секаде ќе ве пресретнат насмеани лица со желба да ве разберат и помогнат.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-18.jpeg

Изгледа малку комплицирано учењето на системот, но луѓето тука се желни да ве упатат во сè. Толку е разновиден изборот во секоја сфера на живеењето, што секој може да се пронајде во нешто.

Дружењата и ноќниот живот се можеби и најинтересното нешто во Чикаго.

Не ми се допаѓа тоа што најголем дел од времето поминуваме во возилата. Неизводливо е да завршите некоја работа, а да не треба да се качите во автомобил и да се одвезете некаде.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-12.jpeg

Исто така, никако не се навикнав на нивната храна, која е речиси без вкус и полна со шеќери.

Затоа избегнувам да купувам готови оброци, се трудам да најдам време сама да си ги направам.

Зимите исто така ми паѓаат многу тешко, не поради студот, туку поради сивилото и недостатокот на сончеви зраци, премногу депресивно делува на мене.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-20.jpg

Како им функционираат институциите?

Функционирањето на институциите е сосема поинакво од она во Македонија и на прв поглед делува мошне конфузно. 

Меѓутоа може многу брзо и лесно да се научи доколку имате трпение и волја.

Здравството функционира на принцип на купување на план на годишно ниво за здравствено осигурување, во зависност од тоа колку заработувате, каква е вашата моментална здравствена состојба, кои здравствени институции сакате да ви бидат вклучени итн.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-14.jpeg

Финансискиот дел функционира на база на градење на кредитен рејтинг. 

Отворањето на сметка во банка е слично како кај нас, можете да аплицирате за различни кредитни картички од различни банки и преку нив со разумно користење и навремено плаќање да докажете дека сте безбеден кандидат за одобрување на поголеми кредити за купување автомобил, живеалиште и сл.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-11.jpeg

Какво темпо на живот водат локалците? Имаат ли интересни навики од секојдневието?

Од моето досегашно искуство локалците водат многу помирен и поскромен живот од дојденците. 

Многу почесто ќе сретнете успешен човек чие семејство (мајка/татко или баба/дедо) емигрирале во САД, отколку оние кои со поколенија наназад живеат тука.

Изненадувачки за мене е дека многумина од нив никогаш во животот не извадиле пасош, а некои дури и не излегле од местото каде што живеат.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-06.jpeg

Што се однесува до нивните навики од секојдневието секаде ќе ги забележите по огромната чаша со кафе наутро, најголемата насмевка и позитивната енергија во текот на целиот ден. 

Мошне се љубезни и дружељубиви, уживаат во разговорите со тотални странци и се многу искрени, трпеливи и директни. Често ќе ви кажат ако им се допаѓа некое парче облека или нешто конкретно кај вас.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-22.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Марко Марк го посети Њујорк: „Градот е спектакуларен, овошјето има вештачки вкус, билет за Бродвеј е... „Како што чекорев низ Централ парк, препознавав локации од Home Alone, а видов и...
Бојана од Скопје се пресели во Хрватска во име на љубовта: „Сопругот е авиомеханичар, ми го има спас... „Колку жени можат да кажат дека нивниот сопруг го жртвувал сопствениот живот за ...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...
Драгана од Скопје живее во Пекинг: „Јадев медуза, а мислев дека се печурки, Кинези ме застануваат на... „Кога дојдов, буквално доживеав културолошки шок. Кинезите подждригнуваат, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg