Вера Радески за преселбата во Чикаго: „Првата година е хаотична, ве мачи носталгијата, се колебате да се вратите“

Висок ли е стандардот на живот? Некоја цена од таму кафе /пиво…

Не одам често во Македонија, но имам чувство дека цените се речиси и израмнети.

Сè зависи нели и од местото каде што го нарачувате и купувате нештото, но во просек едно кафе чини 1,5-6 долари (90-400 денари) најскапите опции се во Старбакс.

Пиво во бар чини 2-7 долари (120-450 денари).

Поразлично е тука што морате да оставите бакшиш за секоја услуга која ја добивате од човек (послужување, фризер, козметичар, такси, и сл.). Најчесто не е вклучено во сметката, но имате на неа препорака колку проценти од сумата треба да додадете како бакшиш за услужителот и тоа се подразбира.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-08.jpeg

Има ли многу доселеници? Од кои земји?

Конкретно во Чикаго има премногу доселеници буквално од целиот свет.

Тука се чувствувате како цел свет да е во еден град. Токму затоа можете да искусите различни култури, да се запознаете со различни традиции, да пробате храна од најразлични краеви, бидејќи постојат ресторани од скоро секој дел на светот.

Во секој случај најбројни се оние од Мексико и Јужна Америка.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-05.jpeg

Што е најсилниот адут на местото во кое живеете?

Па, најсилен адут е тоа што е доста развиен град, кој нуди многу можности во зависност од тоа какви цели и амбиции имате.

Тука не може никогаш да ви биде здодевно и секогаш има што да правите.

И, исто така, добро е и што има многу наши луѓе кои по автоматизам ги чувствуваме поблиски и сметаме на нив за каква било волја или неволја.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-23.jpeg

Би се вратила ли да живееш во Македонија некогаш?

Секако дека би се вратила, доколку животот ги намести така коцките.

Јас Македонија си ја сакам и понатаму и секое повторно доаѓање во посета на моето семејство чувствувам како никогаш и да не сум заминала од таму.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-55.jpg

Таа е наша лулка во која сме израснале и која нè изнела на каков-таков пат, за жал, надвор од неа, но сепак копнежот и љубовта кон неа никогаш не престанува.

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-25.jpeg

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-24.jpeg

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-15.jpeg

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-09.jpeg

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-07.jpeg

vera-radeski-za-preselbata-vo-chikago-prvata-godina-e-haotichna-ve-machi-nostalgijata-se-kolebate-da-se-vratite-03.jpeg

Повеќе фотографии од Вера:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Марко Марк го посети Њујорк: „Градот е спектакуларен, овошјето има вештачки вкус, билет за Бродвеј е... „Како што чекорев низ Централ парк, препознавав локации од Home Alone, а видов и...
Бојана од Скопје се пресели во Хрватска во име на љубовта: „Сопругот е авиомеханичар, ми го има спас... „Колку жени можат да кажат дека нивниот сопруг го жртвувал сопствениот живот за ...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...
Драгана од Скопје живее во Пекинг: „Јадев медуза, а мислев дека се печурки, Кинези ме застануваат на... „Кога дојдов, буквално доживеав културолошки шок. Кинезите подждригнуваат, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg