Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви пловењето со китови“
Тешко е да се одлучам за една работа која ми остави најголем впечаток, но ако треба да изберам, дефинитивно тоа се црните плажи кои во живо изгледаат магично и неверојатно.
Единствено што ме разочара е тоа што не видовме силни Аурори, поради лошото и врнежливо време.
Гледањето китови (whale watching) е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба да ја посети, бидејќи тоа се најголемите подводни животни што може да ги видите.
Китовите навистина изгледаа импресивно и грандиозно. Првпат во животот видов китови и беше навистина спектакуларно и незаборавно искуство.
Како што споменав претходно, немавме среќа да видиме силна Аурора во текот на патувањето, но затоа како бонус на крајот, кога полетавме, ја видовме од авион.
Исланд е земја на водопади, на неговата територија има преку 10 илјади, а за наубави дефинитивно можам да ги издвојам Skógafoss, Seljalandsfoss, Gullfoss Falls, Dettifoss и Goðafoss.
Исто така, има околу 130 вулкани, а во просек еруптира 1 вулкан на 4 години.
Пред околу 3 месеци беше последната ерупција, па поради овие причини на Исланд ретко може да се види вегетација.
Уште една интересна работа за Исланд е тоа што има преку 800.000 илјади овци од кои се произведуваат познатите исландски џемпери.
Нивната цена е околу 200€.
За крај можам да кажам дека секој кој е во можност, треба да го посети Исланд, бидејќи ќе биде импресиониран од природните убавини“.