Драгана од Скопје живее во Пекинг: „Јадев медуза, а мислев дека се печурки, Кинези ме застануваат на улица за селфи“

„Кога дојдов, буквално доживеав културолошки шок. Кинезите подждригнуваат, испуштаат гасови и плукаат без пардон и тоа им е нормално“, вели Драгана за CRNOBELO.com, која веќе 9 месеци живее во Пекинг, а работи за Олимпискиот комитет на Кина.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-01.jpg

Драгана Тодорова (29) од Скопје скоро 9 месеци живее во Пекинг, Кина.

Таа беше една од двајцата Македонци, заедно со Никола Трајковски, кои беа ангажирани како физиотерапевти на кинеските борачи пред Олимпијадата во Париз.

Во ова време, Драгана доживеала културолошки шок и сè уште не може да се навикне на некои работи кои се типични за Кинезите - да подждригнуваат и испуштаат гасови, во јавност, на пример.

Во интервју за CRNOBELO.com, Драгана ни раскажа и за нејзиното соло патување до Националниот парк во провинцијата Жанџаџие, каде што е снимен филмот Avatar, за локалците кои си ги носат децата кај неа за да ги фотографираат, но и за нивната храна, кога дознала дека изела салата со медуза, а не со печурки.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-01_1.jpg

За досегашното искуство на Драгана, прочитајте го интервјуто:

Пред колку време замина во Кина и која беше причината за твојата преселба?

Во Кина дојдов пред околу 9 месеци да работам во Боречката федерација на Кина, под нивниот Олимписки комитет.

Сè уште сум тука и имам неколку понуди да останам за да работам со некои од тимовите за борење во Кина оваа година, додека не се формира повторно Сениорскиот тим за борење пред наредниот циклус за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.

Понудите за работа се многубројни, особено ако го согледаат квалитетот.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-02.jpg

Како би го опишала животот таму? Што ти е најубаво, а што не ти се допаѓа поврзано со животот во Кина?

Можам да кажам дека побезбедно се чувствувам само дома, во својот стан.

Сум посетила многу држави во Европа, сум била и во Америка, но можам да кажам дека Кина е најбезбедна земја од секој аспект.

Кога дојдов, доживеав буквално културолошки шок.

Кинезите се интровертен народ, ама штом најдеш начин да допреш до нив, тие се многу пријателски настроени и ќе пробаат да ти угодат како на странец колку што можат повеќе.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-03.jpg

Тие подждригнуваат, испуштаат гасови и плукаат без пардон и тоа за нив е сосема нормално. Ова најмногу ме шокираше и сè уште не можам да се навикнам дека е така.

Кинезите како народ и понатаму го практикуваат стандардот за убавина од бело лице и црвени усни. Па, во многу наврати ми изгледаа како дух, што исто така ми беше многу необично, но подоцна се навикнав.

Возат многу хаотично и лошо. Ама не се нервозни во сообраќајот и не возат брзо.

Овде предност има колата пред пешакот (не е законски, ама сите Кинези така функционираат). Имав ситуација да ми свирне кола што сака да помине, додека јас веќе поминувам на пешачки.

Кина е огромна и има што да се види. Од планински предели и кањони до огромни облакодери со извонредна и несекојдневна архитектура. 

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-15.jpg

Дали успеа да стекнеш пријатели и луѓе со кои се дружиш сега таму? И дали се тоа локалци или странци што дошле да живеат во Кина?

Имав шанса да запознаам три Кинезинки со кои делев такси од аеродром до едно гратче.

Наредно што направивме, букиравме хотел заедно и заедно шетавме, па останавме во контакт за нов girls trip.

Морам да додадам дека девојките не знаеја англиски и се разбиравме преку апликација за преведување.

Инаку, во тимот имав странци и со нив одлично функционирав. Едниот беше од Франција, другиот од Италија. Лесно е да запознаеш странци кога си малцинство во Кина.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-14.jpg

Има ли дружење како кај нас, да можеш во секое време да излезеш на кафе, на ручек? Или поради работата немаше време за вакво дружење?

Со мојата работа како физиотерапевт баш и немав толку флексибилен распоред и единствено во сабота можев да излезам, да се дружам и да прошетам во градовите кај што одевме со тимот.

Во овие 9 месеци сè уште не сум успеала да отидам да го посетам Кинескиот sид, иако базата ми е во Пекинг. Aма, не губам надеж.

dragana-od-skopje-zhivee-vo-peking-jadev-meduza-a-mislev-deka-se-pechurki-kinezi-me-zastanuvaat-na-ulica-za-selfi-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg