Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот лет, а денес би можел да живеам таму“

Во овој период беше ли на некое сафари, имаше ли средба со диви животни?

За мојот престој во Етиопија посетив неколку места и топло ги препорачувам на секој да ги види. Arba Minch (во превод значи Место на 40 извори солена и слатка вода) изобилува со прекрасна природа, две прекрасни езера (Chamo Lake и Abaya Lake), езера преполни со див свет, особено нилски коњи и крокодили.

Крстарењето по овие езера беше едно преубаво искуство, со многу исчекување, адреналин и доза на страв. Ни рекоа да бидеме тивки, да не ги вознемириме подводните ѕверови. Полека се приближивме до една плажа каде што можев да видам 10 крокодили, еден до еден уживаат под етиопското сонце. Направивме некоја фотографија и назад на копно.

Инаку, споменатата област е волшебна, преубава со разнолик пејзаж, многу необични растенија и див свет - зебри, хиени, антилопи, а каде се овие животни, тука се наоѓа и кралот на животните.

milosh-boev-rabotev-vo-etiopija-8-meseci-kako-gradezhen-inzhener-sakav-da-se-vratam-nazad-so-prviot-let-a-denes-bi-mozhel-da-zhiveam-tamu-39.jpg

Во околина на областа Arba Minch се наоѓа селото Dorzze. Селото, заслужува особена чест и внимание. Таму населението е препознатливо по својата традиционална шарена облека направена од разноразни листови, памук и кожа од некој дивеч. Штом дојдат туристи, задолжително се облекува оваа традиционална облека и се носи додека не се замине оттаму.

Поради тоа што селото се наоѓа на голема надморска висина, понекогаш знае да биде студено, па населението се грее со тутун и алкохол. Како и алкохолните пијалаци, така и тутунот сами ги произведуваат.

Во животот сè и сешто сум пробал, но ништо толку силно, интензивно како нивниот традиционален пијалак hareke - еден вид на ракија приготвена од разни видови житарки, најмногу ориз, пченица и лук.

Кога ќе ја пробаш буквално сфаќаш дека ти горат сите органи, се пие на екс, а не смееш да одбиеш зашто е тоа ритуал за добредојде на гостите. Да бидам реален, атмосферата ме понесе, тој жагор и игра на локалното население, па испив уште две. Оваа ракија е против малери и се пие злоба да растера.

milosh-boev-rabotev-vo-etiopija-8-meseci-kako-gradezhen-inzhener-sakav-da-se-vratam-nazad-so-prviot-let-a-denes-bi-mozhel-da-zhiveam-tamu-76.jpg

Најзастапено растение е Enset, или лажна банана, затоа што нејзиното дрво и обликот потсетува на дрво од вистинска банана. Плодовите од оваа банана не се јадат додека листовите и кората од дрвото се користат за подготовка на леб.

Листовите најпрво ферментираат, тоа што ќе се добие се користи како брашно, се обликуваат топчиња и се произведува леб кој се служи со мед и чили сос, што на прв момент нема никаква смисла, но кога ќе се проба тогаш сè има смисла.

Во мојата работна мисија во Етиопија сакав да ги посетам и древните племиња за кои велат дека се една уникатна убавина, племиња со посебна култура и традиција и многу богата историја. Но, тоа ќе го оставам за некоја моја наредна авантура во Етиопија, а секогаш ќе сакам да се вратам.

milosh-boev-rabotev-vo-etiopija-8-meseci-kako-gradezhen-inzhener-sakav-da-se-vratam-nazad-so-prviot-let-a-denes-bi-mozhel-da-zhiveam-tamu-13.jpg

Остануваш ли уште долго во Африка? Делува дека си фасциниран од континентот, па дали можеби би се преселил таму засекогаш?

Ми постави тешко прашање сега. Да ме прашаше лани, пред да заминам, ќе ти кажев не. Но, по 1 година престој на овој континент, длабоко би размислил. Во секој случај нема да застанам со Етиопија, нема да застанам со Нигерија, каде што сум моментално.

Но, сакам да го истражам, запознаам и доживеам овој континент уште повеќе, најмалку уште 5 држави и доволно. Моја желба се Кенија, Танзанија, Камерун, Гана и Брегот на слоновата коска. Иако имав желба за ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар и тој свет, ќе ги оставам за некоја блиска иднина како шлаг на целокупниот мој труд, ангажман, желба.

milosh-boev-rabotev-vo-etiopija-8-meseci-kako-gradezhen-inzhener-sakav-da-se-vratam-nazad-so-prviot-let-a-denes-bi-mozhel-da-zhiveam-tamu-79.jpg

Како таргет, на мои 50 години се читаме пак. Но, потсвесно сум сигурен, дека за тој свет нема да имам толкава желба, инспирација, ентузијазам и мотивација да пишувам, како што сега со неизмерно задоволство пишувам за Африка, за оваа магија.

Африка секому ја препорачувам. Таму нема да видите високи облакодери, широки улици, луксузни возила, вили, хотели. Нема да имате можност да уживате во ноќни излегувања, скапи пијалаци, храна. Но, во Африка ќе го уживате сето она кое никаде не може да се најде - природа, топлина, магија, мир, спокој, весели лица, насмевки, пребогат животински свет.

Но, не Мадагаскар, Сејшели, Занзибар, Мароко, Египет, кои се туристички и урбано средени места. Тоа не е Африка, на Африка ќе ве потсетува само сонцето и топлото време.

Дојдете, доживејте ја оваа магија и ова богатство кое никаде не може да се сретне. Да се доживеат Кенија и Танзанија со двата најголеми национални паркови во светот, само предлабоки воздишки, ах.

Дали би уживале повеќе да бидете 5 дена во националниот парк Masái Mara (Кенија) и да спиете под ведро небо во савана, опкружени со целиот див свет на Африка или да посетите некое луксузно место во светов? За мене, нема споредба.

Затоа, нема да звучам како оние популарни Reels: Habibi come to Dubai. Дојдете во Африка, дефинитивно ќе бидете побогати, посреќни, поисполнети кога ќе треба да се вратите назад. Бидете кактус во светот полн со цвеќиња.

milosh-boev-rabotev-vo-etiopija-8-meseci-kako-gradezhen-inzhener-sakav-da-se-vratam-nazad-so-prviot-let-a-denes-bi-mozhel-da-zhiveam-tamu-43.jpg

Повеќе фотографии од Милош во Етиопија:

 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg